Скопје
Камен-темелник за нова градинка во Петровец

Камен-темелник за нова градинка во Општина Петровец, беше поставен о сабота, од премиерот Никола Груевски, заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски.
Градинката ќе биде со капацитет за 80 деца и ќе го реши проблемот на родителите од ова населено место.
„Проблемот со наталитетот претставува голем проблем за Европа и Република Македонија. Владата на Македонија спроведува мерки со цел да ги поттикне родителите да имаат повеќе деца и да ги прошират своите семејства. Оттука за нас претставува големо задоволство фактот што во повеќе места во земјава постепено почна да се јавува потребата за отворање на нови градинки, што значи дека се раѓаат повеќе деца, а државата се подмладува и дека ќе има на кого да го оставиме сето она што го создаваме денес“, рече Груевски.
Премиерот рече дека во 2009 година, во Петровец 15 семејства имале трето дете, додека во 2014 дури 38 семејства се одлучиле за трето дете.
Само од средината на јуни до средината на август изградени се четири градинки низ Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)