Контакт

Политика

Пораст на сексуалната злоупотреба на малолетници од родителите

Објавено пред

Јавноста секојдневно останува вчудовидена од честите и грозоморни случаи на родосквернавење и педофилија, чијшто број се зголемува од ден на ден. Никој не остана рамнодушен по откривањето и обелоденувањето на трагичната судбина на 16 годишното девојче, кое по неколкумесечните сексуални злоупотребувања забремени од сопствениот татко, како и од страшната судбина на мајката која беше злоставувана од својот син, кој во алкохолизирана состојба ја малтретирал и сексуално ја злоупотребувал својата мајка

dobivaj vesti na viber

Научните истражувања досега не откриле како еден човек станува сексуален злосторник врз сопствените деца. Во прашање е патолошка појава, смета невропсихијатарот Антони Новотни.Педофилството и родосквернавењето е појава што се повторува, објаснува д-р Новотни.„Сторителите на такви полови злоупотреби се со извитоперени мисли во главите. Една од основните причини е ненаоѓање интерност со возрасен сексуален партнер“вели д-р Новотни.Јозеф Фрицал ја шокира светската јавност- „Фрицли“ и во Колумбија, Италија… Во текот на судењето на австрискиот монструм Јозеф Фрицал, сите  странски и домашни медиуми редовно пишуваа за инцестот на Фрицл и седумте деца што ги ги имаше со неговата ќерка Елизабет. Како и што се очекуваше, австрискиот монструм Јозеф Фрицл е осуден на доживотна казна затвор, која ќе ја издржува во психијатриска установа.Поротата едногласно го прогласила за виновен за инцест, силување, злоставување, држење во заточеништво и за убиство на едно од седумте деца кои ги имал со својата ќерка Елизабет, која 24 години ја држел заклучена во визбата од семејната куќа.Согласно судската одлука, остатокот од својот живот, 73-годишниот Фрицл ќе го помине во институција за ментално здравје, откако неговиот психијатар предупреди дека се чувствувал „роден да силува“.Во Италија, пак, татко верувал дека негово право е да ја злоупотребува својата ќерка и тоа верување го пренел на својот син, кој пак ја силувал својата сестра и сопствните деца. Човекот кој медиумите го нарекоа италијански Фрицл, својата ќерка ја затворил во соба без прозорци и ја силувал 25 години. Полицијата не открила многу од случајот, но соопштила дека девојката 25 години била сексуално малтретирана, и држена во заробеништво од нејзиниот брат и од таткото. Италијанските медиуми објавуваат дека жртвата, кој е наречена како „Лаура“, сега има 34 години и се наоѓа на психијатриски третман. Лаура го открила овој случај на полициските службеници, во кој се верува дека синот е осомничен и за сексуална злоупотреба на четири деца кој ги родила Лаура. Се смета дека со сексуалното злоупотребување е започнато кога имала девет години. Лаура имала многу мало образование и била присилена да живее во замрачена соба без струја, кој можела да ја напушти собата само со одобрение на нејзиниот татко. Исто така полицијата открила дека нејзиниот брат, сексуално ги злоупотребувал децата на возраст од шест, осум, 12 и 20 години, кои ги принудувал да гледаат како ја злоупотребува својата сестра.Ваков случај на повеќегодишно родосквернавење беше отркиен и во Колумбија.  Пронајден македонскиот ФрицлВо Невропсихијатриската болница во Демир Хисар се наоѓа 48-годишниот Бајрам. В, кој според полицијата, ја силувал и забременил сопствената 16-годишна ќерка со нарушено ментално здравје.Полицијата вчера таму го пронашла македонскиот Фрицл кој бил на лекување од 26 јануари годинава. Според лекарите, Бајрам четири пати бил хоспитализиран во болницата. Прв пат во 2006 година, два пати во 2007. и четвртиот, последен пат, во февруари лани.„Од тогаш, пак, цело време е во болницава, со тоа што добива повремени терапевтски викенди и во повеќе наврати беше пуштен во домашна средина, затоа што се однесува во границите на дозволеното однесување“, вели Лазе Кузмановски, директор на болницата во Демир Хисар.Таткото силувач во болницата не зборувал за овој случај.„Се работи за емоционално незрела личност, со пореметувања во личноста и со симптоматски алкохолизам, кој што нормално и натаму треба да се третира“, додава Кузмановски.Како се справуваме со родосквернавењето Новинската агенција Аssociated Press во контекст на ваквите случаи донесе поширок напис за тоа како земјите на Европската Унија ги третираат инцестните односи и наидоа на изненадувачко откритие дека инцестините сексуални односи кои биле од обострана желба меѓу полнолетни лица во Франција, Шпанија и Португалија не подлегнуваат на казнен процес.Сите други инцестни сексуални односи, како што е со сопственото малолетно дете со закон се забранети и подлегнууваат на казнен процес.Во Република Македонија за силување и инцест со измената на кривичниот законик судот одлучува од минимум десет години затвор и максимална казна доживотен затвор.Со цел спечување на родосквернавењето МВР во соработка со Француската амбасада работи на проект на едукација на инспектори за малолетничка деликвенција, исклучиво што ќе работат на расчистување на случаи  на сексуални деликти и на Правилник за водење разговор со дете кое било жртва на сексуален деликт.Психолозите објаснуваат дека и родосквернавењето постои одамна, но овие потресни приказни останувале затворени во кругот на семејството. Денес се поотворено и полесно се обелоденува овој проблем, од што во јавноста се добива впечаток дека ситуацијата е веќе загрижувачка. – Состојбата одамна е алармантна, но сега сме посвесни за овој феномен бидејќи и децата што се жртви, но и нивните најблиски, се почесто се охрабруваат да зборуваат за проблемот, кој веќе не е табу-тема. Тоа е сигнал дека се прави чекор напред кон решавањето на овој проблем – сметаат психолози.Според Секторот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи и Заводот за статистика  во последниве три месеци во државава регистрирани се четири дела „родосквернавење“ или инцест. Два случаи се регистрирани во Скопје, едно во Струмица и едно во Велес.„Оваа појава годинава доби загрижувачки размери, бидејќи само за три месеци регистрирани се четири дела, додека изминативе години вообичаено беа регистрирани по три или помалку дела во текот на цела година“, вели Лилјана Јаковчевска, виш полициски советник за малолетничка деликвенција во МВР.Сепак бројот на пријавените случаи се разликува од вистинскиот број на секслуално малтертирани деца. Повеќето од тоа што се случува останува прикриено или целосно сокриено.„Анализирајќи ги делата можеме да заклучиме дека според начинот на извршување сторителите најчесто половите злоупотреби ги вршеле со употреба на физичка сила и искористувње на физичката немоќ на децата или нивната подредена позиција“, вели Јаковчевска.Децата останвуаат сами и незаштитениПрвата детска амбасада во светот „Меѓаши“ реагира на како што посочуваат се позачестените случаи на родосквернавење и сексуално злоставување на децата во Македонија и несоодветниот третман на децата жртви на инцест и педофилија.„Децата жртви на родосквернавење, по обелоденувањето остануваат сами на себе, во уште покомплицирана семејна ситуација. Обично остануваат со другиот родител кој понекогаш не сака да се соочи со вистината и да го признае насилството, па поради најразличните проблеми, манифестира насилно однесување сакајќи да го казни сметајќи го како причина за новонастаната ситуација во семејството. Кај детето жртва се мултиплицира почетниот проблем соочувајќи се со низа нови сериозни проблеми меѓу кои сослушувањата лице во лице со злоставувачот, кои ја прават траумата уште подлабока. Наместо да биде охрабрено за тоа што не молчи, детето станува осудено за својата искреност отфрлено е од семејството и стигматизирано од средината во која живее. Неможејќи да се справи со целата ситуација, траумата ја закопува длабоко во себе, загрижено е за иднината на целото семејство, дури и за родителот силувач дали тој ќе оди во затвор или не. На крајот детето ја повлекува изјавата!,“, велат од Меѓаши.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија2 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија6 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија9 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ9 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија10 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија10 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија11 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија12 часа

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет15 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет15 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа16 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет16 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа16 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа16 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ1 ден

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија1 ден

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија1 ден

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...