Економија
Македонија претставена пред индиски автокомпании

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на бизнис форум “Растечките инвестициски и трговски можности во Македонија” во индискиот град Пуне.
Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на бизнис форум “Растечките инвестициски и трговски можности во Македонија” во индискиот град Пуне.На форумот се обрати претседател на Индиската асоцијација за авто компоненти Арвин Капур, кој е сопственик на компанијата Рико Ауто Индустрис, изразувајќи задоволство од запознавањето со економските потенцијали на Македонија, затоа што автомобилските компании бараат нови локации кои нудат намалени трошоци за производство. Премиерот Груевски истакна дека многу мултинационални компании ја избираат Македонија за порта кон европски пазар поради одличната географска локација и договорите за слободна трговија со Европската унија.Како причини за економската соработка ги наведе нискиот и рамен данок од 10% за персоналниот доход и за добивката, и ослободувањето од оданочување задржаната добивка, како и постепеното намалување на социјалните придонеси за една третина. Дополнителни аргументи за водење бизнис се длабоките административни и регулаторни реформи.Пред присутните се обрати и Раџив Капур, претседател и извршен директор на автомобилскиот гигант Фиат Тата Индија, кој посочи дека фактот што македонскиот премиер е лично присутен покажува огромна сериозност и посветеност која што влева доверба кај индиските компании. Присутните ја проследија и презентацијата на претставникот на Џонсон Мети, Сандип Бишт, кој ги пренесе позитивните искуства што оваа компанија ги има од деловните активности во Македонија. На форумот присуствуваа претставници на повеќе глобални компании од автомобилската индустрија во Индија, меѓу кои директорот на Џенерал Моторс Индиа, Раџив Гупта, потоа сопственикот на индиската компанија за авто делови Ананд Аутомотив, Сандип Балоџа, а исто така на форумот беше присутен и претставник на познатата и голема мултисекторска индиска компанија Рилајанс, Сантош Шарма. Владината делегација во текот на утрешниот ден ќе одржи презентација на инвестициските можности на Македонија пред заинтересираните индиски компании во Бомбај. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.