Свет
Нов посилен земјотрес во Јапонија, досега 26 жртви
Еден од најсилните земјотреси во историјата на Јапонија, досега однесе 26 животи, соопшти јапонската телевизија NHK
Телевизијата јавува дека по серијата од послаби потреси до магнитуда од окулу 6 степени по Рихтер кои го следеа разорниот подземен удар со магнитуда од 8,9 степени, околу 20.30 минути по македонско време околината на Токио била погодена од потрес со магнитуда од 7,1 степени. Епицентарот на овој земјотрес бил овојпат на само 67 километри од јапонската престолнина.Како што јави американскиот Геофизички центар, главнито потрес бил со магнитуда од 8,9 степени по Рихтер, а неговиот епицентар бил на 373 километри североисточно од Токио, на длабочина од 24 километри. Силниот земјотрес е проследен со серија исто така силни последователни потреси во североисточниот дел на Јапонија, како и со цунами кое предизвикува штети на пацифичкото крајбрежје. Засега нема информации за обемот на штетите и бројката евентуални жртви.Во префектуратра Миаги, бранот на цунами целосно поплавил многу куќи, вклучувајќи го и аеродромот во Сендаи. Снимки се направени од хеликоптер кои директно ги емитуваат јапонските телевизиски мрежи прикажуваат голем број автомобили и делови од куќи кои лебдат во водата.Во близина на јапонската престолнина Токио, во префектурата Чиба, во пламен е рафинерија за нафта. Како што пренесува кинеската агенција Синхуа повикувајќи се на на очевидци, во рафинеријата се случила моќна експлозија на гасните постројки.Во Токио подземната железница престана со работа, а на некои згради се видливи оштетувања. Во главниот град на Јапонија медицинските служби соопштија дека се пријавени неколку повредени лица. На територијата на Токио се пријавени попвеќе пожари, а медиумит ејавуваат дека нзи градот непрекинато се слушаат суиренит ена мабулантните возила.Во многу делови на Јапонија, се појавија прекини во снабдувањето со електрична енергија, гас и на телефонските линии.Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот чијшто епицентар беше во крајбрежјето на префектурата Мијаги, во петокот во 14.46 часот по локално време се проценува дека е најсилниот што досега да ја погодил Јапонија.Како што јавува телевизијата NHK, големите цунами бранови се регистрирани во северниот дел од Хокаидо во северниот дел до Такушима на запад.Во префектурата Мијаги, според јапонската телевизиска мрежа, во серијата земјотреси најсилните удари имале итнензитет од 7 степени на Јапонската сеизмичка скала со максимално ниво од 0 до 7. Во серијата земјотреси којашто следела во итнервал од 40 минути по главниот удар, три од нив имале на магнитуда од 7,0 или повисока, а го погодиле североисточниот дел на Пацификот и централна Јапонија.Цунамито чијшто бран надминал височина од 7,3 метри го погодило пристаништето Сома, во префектурата Фукушима поплавувајќи многу куќи. Полицијата наредила итна масовна евакуација на населбите во Сома. Цунами бранот со височина од 4,2 метри го погодил градот Оараи во префектурата Ибараки, а плимиот бран повисок од четири метри ги погодил и градовите Камаиши и Мујако во префектурата Ивате.Телевизијатата NHK повикувајќи се на локалните власти пренесува дека засега е тешко да се зборува за големината на оштетувањата што ги предизвикале серијата од земјотреси и цунами. Но засега жртви и повредени се пријавени само во неколку префектури. Во префектурата Мијаги непотврдените информации зборуваат заповеќе од 20 загинати и многу коишто с еводат како исчезнати по поплавата предизвикана одминувањето на цунамито.Телевизијата NHK емитуваше снимки кои покажуваат како цунамито преплавува патишта носејќи пред себе автомобили и куќи.Јапонските власти соопштија дека се пријавени најмалку 44 гоелми пожари во шест префектури. Во префектурата Чиба, во рафинеријата „Космо“ од противпожарнтие екипи се справуваат со пожарот кој избувна како последица на истекување на гасот предизвикано од земјотресот.Експресните „Шикансен булит“ возови во поголемиот дел од Земјата се исклучени од сообраќајот. Иако не постојат извештаи за железнички несреќи, возовите не сообраќаат во крајбрежни Пацифички области на Јапонија, вклучувајќи ги и Токио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Многу добри работи се случуваат во преговорите за завршување на војната во Украина
Добри работи се случуваат во преговорите за завршување на војната во Украина, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп.
Како што објавува Ројтерс, Трамп не даде повеќе детали, туку зборуваше со „оптимистички тон“.
Минатата недела делегациите на Украина, Русија и Соединетите Американски Држави преговараа за завршување на војната во Абу Даби, каде што главната точка на спор беше прашањето за територијата, објавува Танјуг.
Трилатералните разговори ќе продолжат во недела, на 1 февруари, пишува медиумот.
Свет
Гнев во Европа поради изјавата на шефот на НАТО: „Срамно, не ни треба фанатик на Трамп“
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се најде под критики откако изјави дека Европската Унија може да „продолжи да сонува“ за независност од Соединетите Американски Држави во безбедносните и одбранбените прашања.
Неговите коментари следеа по обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да го одземе Гренланд од Данска, невиден потег што ја доведе трансатлантската алијанса, стара речиси 80 години, на работ на колапс. Тензиите се ублажени со договорот за безбедноста на Арктикот, чие склучување беше посредувано од Руте, пишува „Euronews“.
Руте: Само продолжете да сонувате
„Ќе го фалам претседателот Трамп кога ќе направи нешто добро и немам ништо против да ги објави нашите приватни пораки“, им рече Руте на претставниците на Европскиот парламент во понеделникот попладне, осврнувајќи се на објавувањето на нивните приватни комуникации од страна на Трамп.
„Ако некој овде, повторувам, мисли дека Европската Унија, или Европа како целина, може да се одбрани без САД, само продолжете да сонувате. Не можете. Ние не можеме. Ние сме потребни едни на други.“
Говорот на Руте во Парламентот брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде што корисниците масовно споделуваа снимки, а аналитичарите ги анализираа.
Како одговор, Паула Пињо, главната портпаролка на Европската комисија, рече дека политичкиот фокус треба да остане на тоа ЕУ да стане „сè поотпорна“ и „сè понезависна“ на „различни фронтови“, вклучувајќи ја безбедноста и одбраната.
„Можеме да се пофалиме со тоа како успеавме да ја намалиме нашата зависност од увозот на руски фосилни горива“, рече Пињо попладнево. „Ваквите зависности се видливи и во други области: во одбраната, во критичните суровини. Правиме сè што е потребно за да ја намалиме таа зависност и изложеност“, додаде таа.
Пињо се осврна на говорот од минатата недела на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, во кој повика на поголема „европска независност“ како одговор на растечката геополитичка нестабилност и конфликт. Фон дер Лајен, исто така, најави нова безбедносна стратегија со посебен фокус на спорниот арктички регион.
„Всушност поврзуваме низа мерки со една цел“, продолжи Пињо. „Да се осигураме дека можеме да постигнеме таква постепена независност“.
Сепак, најострите критики кон Руте дојдоа од Франција, гласен поборник на концептот на „стратешка автономија“ и давајќи предност на европските производи на јавните тендери.
„Не, драги Марк Руте. Европејците можат и мора да ја преземат одговорноста за сопствената безбедност. Дури и Соединетите Американски Држави се согласуваат. Тоа е европскиот столб на НАТО“, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро на својот Икс профил.
Натали Лоазо, истакната француска европратеничка која присуствуваше на состанокот на комитетот каде што зборуваше Руте, беше уште подиректна.
„Тоа беше засрамувачки момент“, напиша Лоазо на социјалните мрежи. „Руте мисли дека со тоа што ќе биде груб кон Европејците ќе се умилкува на Трамп. Не ни треба фанатикот на Трамп. НАТО треба да ја врати рамнотежата помеѓу американските и европските напори.“
Во меѓувреме, Шарл Мишел, поранешен претседател на Европскиот совет, му се потсмеваше на шефот на НАТО затоа што го нарече Трамп „тато“ за време на минатогодишниот конфликт меѓу Израел и Иран. Трамп подоцна го употреби терминот за да ги брани сопствените одлуки за надворешна политика.
„Драг Марк Руте, грешиш. Европа ќе се брани. А Доналд Трамп не ми е татко“, рече Мишел. „Иднината на Европа бара визија, храброст и лидерство. Не оставка, покорност и фатализам.“
Свет
(Видео) Канадскиот премиер: Трамп ми се јави, му реков дека го мислев сèто тоа што го кажав во Давос
Канадаскиот премиер Марк Карни изјави дека стои зад својот говор во Давос во кој ги нарече „нескротливите суперсили“ откако функционер од администрацијата на Трамп тврдеше дека Карни „агресивно“ ги повлекол тие забелешки во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. „Мислев на она што го кажав во Давос“, им рече Карни на новинарите во Отава.
„Му реков на претседателот дека стојам зад моите зборови“
„Да бидам сосема јасен, и му реков на претседателот, мислам на она што го кажав во Давос“, рече Карни, потврдувајќи дека разговарал со Трамп по телефон. Неговата изјава дојде откако американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави за „Фокс њуз“ во понеделникот дека Карни „многу агресивно повлекол“ некои од своите изјави во телефонски разговор со Трамп.
Mark Carney’s outstanding Davos speech. His best speech yet, I think!
Here it is in full. pic.twitter.com/DrZVF64tEo— Gandalv (@Microinteracti1) January 20, 2026
Говорот на Карни во Давос се најде во насловите низ целиот свет, индиректно повикувајќи го американскиот претседател за „пукнатина“ во повоениот светски поредок. Трамп одговори следниот ден, исто така во Давос, велејќи дека „Канада живее поради Соединетите Американски Држави“.
Зборувајќи со новинарите во Отава, Карни ја поби верзијата на Бесент за телефонскиот повик. Тој потврди дека американскиот претседател го повикал во понеделникот и дека двајцата имале „многу добар разговор за широк спектар на теми“, вклучувајќи ги Украина, Венецуела, безбедноста на Арктикот и неодамнешниот трговски договор на Канада со Кина.
Карни рече дека тие разговарале и за USMCA, договорот за слободна трговија меѓу Канада, САД и Мексико, кој треба да биде задолжителен за преглед подоцна оваа година. Премиерот рече дека неговиот говор во Давос јасно ставил до знаење дека „Канада беше првата земја што ја разбра промената во трговската политика на САД што ја иницираше Трамп и ние реагираме на тоа“.
Трамп ѝ се закани на Канада со 100 проценти царини на нејзините стоки ако дозволи кинеските стоки слободно да течат во САД, заобиколувајќи ги американските царини. Карни додаде дека верува оти последната закана на Трамп со царини е преговарачка тактика пред разговорите за ревидирање на USMCA. „Претседателот е силен преговарач и мислам дека некои од овие изјави и позиционирање треба да се гледаат во тој поширок контекст“, заклучи тој.

