Македонија
Синдикатот најави протести за четврток пред Собрание

Предупредувачки протест пред Собранието на Република Македонија за четврток најави Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ).
Предупредувачки протест пред Собранието на Република Македонија за четврток најави Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ).Непосредна причина за протестот е 76-тата собраниска седница, на која на дневен ред се ставени измените и дополнувањата на Законот за работни односи.Според портпаролот на ССМ, Милан Живковиќ преку протестот ќе биде искажано и незадоволството од немањето на социјален дијалог, бидејќи сите предлози и мислења поднесени од ССМ биле експресно одбиени.„На денот кога треба да се радуваме на позитивните резултати за исполнувањето на одредниците на ЕУ, ние ќе мора да се соочиме со суровата реалност наречена отсуство на социјален дијалог во Македонија“, изјави Живковиќ.Тој посочи дека со предложените измени во Законот за работни односи се врши грубо кршење на синдикалните и работнички права и слободи, а се крши и Уставот.Живковиќ информираше дека е поднесено барање до претседателот на Собранието Трајко Вељановски да го повлече наведениот Закон од дневен ред.На овој предупредувачки протест ќе учествуваат само органите и телата на ССМ, кои во четврток ќе одржат и вонредна седница. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова-Ринкевичс: Латвија се залага за проширување на ЕУ со нови членки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Република Латвија Едгарс Ринкевичс на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, на којашто искажаа задоволство од развојот на билатералните односи.
Тие нагласија дека двете држави пред речиси три децении воспоставија дипломатски односи коишто се карактеризираат со отворен, интензивен политички дијалог.
Претседателот Ринкевичс ѝ упати покана на Сиљановска-Давкова и официјално да ја посети Латвија.
Претседателката истакна дека Латвија е наш значаен партнер во НАТО и во Обединетите Нации и додаде дека ја цени принципиелната и доследна поддршка кон државава, како за време на процесот на пристапувањето во НАТО, така и во однос на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ.
Нејзиниот латвиски колега ги поздрави спроведените реформи, како услов за влез во Унијата и ја потврди поддршката за македонската евроинтеграција, потенцирајќи дека Латвија се залага за проширување на Унијата со нови членки.
Македонија
Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Состанокот на Северноатлантскиот совет, на Самитот во Хаг, на којшто истакна дека НАТО се соочува со бројни закани и за да се зачува мирот и безбедноста, потребна е колективна одбрана.
Осврнувајќи се на конвенционалните и хибридните предизвици и закани, Сиљановска-Давкова истакна дека земјава е посветена на својот фер дел од товарот.
Потсетувајќи на симболиката на 26 јуни – денот на потпишувањето на Повелбата на ОН во 1945, на американската солидарност со Европа за време на Студената војна и епизодата од распадот на Југославија во 1990 година, претседателката посочи на неопходноста од единство околу деблокирање на македонскиот евроинтегративниот процес.
Истакнувајќи дека речиси сите членки на ЕУ се и членки на НАТО, таа повика дека тие можат да го деблокираат процесот на проширување и да го завршат обединувањето на Европа, бидејќи европската и евроатлантската интеграција на Западен Балкан не е само политичко прашање, туку и геополитички и безбедносен императив.
Македонија
Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа: Имаме одговорност да го направиме регионот побезбеден и постабилен

Директорот на БЈБ денеска во Берат Албанија учествува и предводи делегација на БЈБ – МВР на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа, во рамки на албанското претседателство на асоцијацијата.
Заедно со колегите од регионот, Јанев се осврна на предизвиците од илегалната миграција и борбата против трговијата со луѓе, сузбивањето на организираниот криминал и јакнење на регионалната соработка преку воспоставување на Заеднички истражни тимови, а воедно се разгледува и фактичката состојба во однос на борбата против компјутерскиот криминал.
„Сите овие предизвици претставуваат не само регионална, туку и глобална закана и ги надминуваат можностите за ефикасен одговор и заштита од само една држава, па оттаму неопходно е надградување и продлабочување на механизмите за оперативна полициска соработка помеѓу државите во регионот и пошироко, забрзана дигитализација на процесите и интензивирање на оперативните мерки и активности за сузбивање на организираниот криминал, со што ќе се генерираат и нови алатки за превенција, следење и успешно справување со криминалот во сите негови форми.“, потенцираше директорот Јанев.
Јанев подвлече дека регионалниот пристап за заедничко делување, зајакната соработка и аплицирање на современи алатки и модели на полициско постапување се повеќе од потребни во времето во кое живееме, соочувајќи се со низа предизвици од софистицираните методи кои ги користат организираните криминални групи.
Учеството на Генералното собрание на СЕПКА, Јанев го искористи за средба со своите колеги, директорите на полиции на Р.Албанија, Црна Гора, како и Р. Косово, со кои разменија идеи и визии во насока на понатамошно зајакнување на билатералната соработка во делот на граничното управување, прекуграничните операции и заеднички истражни тимови за сузбивање на организираните криминални групи кои делуваат во регионот.
„Како први луѓе на полицијата, имаме мисија и одговорност да го направиме регионот побезбеден и постабилен за сите наши граѓани. Безбедноста не познава граници – таа бара солидарност, координација и заедничко делување.“, потенцираше на крај директорот Јанев.