Свет
Ал-Азхар ги прекина врските со Ватикан
Највисокото тело на сунитскиот ислам Ал-Азхар, чие седиште се наоѓа во Каиро, објави денеска дека ја прекинува соработката со Светата Столица. Ваквата одлука е резултат на „нападот“ на исламот од страна на папата Бенедикт XVI. Од Светата Столица изјавија дека имаат желба да го продолжат дијалогот со таа установа. „Причина за заладување на односите се нападите на папата Бенедикт XVI. Врз исламот… Папата во повеќе наврати изјави дека муслиманите на Блискиот исток ги угнетуваат не муслиманите со кои живеат“, се истакнува во соопштението на Ал-Азхар, кое го пренесува египетската државна агенција Мена. Портпаролот на Светата Столица, отец Федерико Ломбарди изјави дека „ што и да се случи, желбата за меѓурелигиски дијалог во Ватикан нема да се смени“. Ал-Азхар и Светата Столица годишно се среќаваат два пати и разговараат за меѓусебната соработка. Ал-Азхар одлуката ја донесе на вонредна седница на Исламската истражувачка академија, која ја предводи големиот имам шеикот Ахмед ал-Тајеб. Папата повеќе пати го осуди нападот на православната коптска црква во Александрија за време на новогодишната ноќ, во која животот го загуби 21 лице. Папата побара од светските лидери да ги заштити христијаните во Египет, додека Ахмед ал-Тајеб изјавите ги нарече „мешање во внатрешните работи“. Коптите се најголема христијанска заедница во регионот, поголемиот дел се православни христијани, а помал дел католици. Коптите сочинуваат 6 до 10 отсто од 80-милионското население на Египет, најголем дел од нив се муслимани сунити. крај/хина/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.
Свет
Францускиот министер за надворешни работи: Гренланд не е на продажба, уцените мора да престанат
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денес изјави дека Гренланд „не е на продажба“ и ги повика САД да престанат, како што рече, со „уцените“.
„Напад врз друга членка на НАТО не би имал никаква смисла, дури би бил против интересите на Соединетите Американски Држави, и затоа оваа уцена очигледно мора да престане“, рече Баро за RTL.
Тој потврди дека Франција ја поддржува Данска и го најави отворањето на францускиот конзулат на островот на 6 февруари, што го означи како политички сигнал.
„Не ја изгубивме војната, играта не е завршена, топката е во дворот на европските парламентарци“, рече министерот, алудирајќи на дипломатските тензии во врска со Гренланд, објави Ројтерс.
Во истото интервју, Баро ги критикуваше иранските власти за потиснување на демонстрациите низ целата земја, велејќи дека оваа репресија е „најнасилна во модерната историја на Иран“ и дека „апсолутно мора да престане“.

