Свет
Ал Каеда останува најголемата закана за САД
Ал Каеда и особено нејзината централна ќелија во Пакистан останува и натаму најопасната терористичка организација, се вели во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за тероризмот, објавен во четврток
„Во 2009 г., Ал Каеда и нејзините јадро во Пакистан останува една од најопасните најопасните терористички организации кои претставуваат заканува за американската национална безбедност. Таа се’ уште врши силен напад врз американските објекти и американските интереси низ целиот свет. Ал Каеда продолжува со регрутирање и обука на борци, како и привлекување во своите структури на жители од Западна Европа и од Северна Америка. Покрај тоа, Ал Каеда, со променлив успех продолжува да се обидува да се направи сојуз со други терористички организации за да ги прошират своите можностите“, се вели во документот составен на речиси 300 страница што го објавуваат американските медиуми.Сепак, во комисијата на Стејт департментот се истакнува успехот на пакистанските власти во борбата против Ал Каеда.„Сепак, оваа организација доживеа сериозен удар во 2009 г. Групата е под сериозен притисок во Пакистан, против неа се преземаат воени операции во кои се уништуваат нејзините бази, ле ликвидираат нејзините припадници. Како резултат на тоа, Ал Каеда се соочува со тешкотии при собирањето средства за терористичките активности, за обука на платениците и планирање на операциите надвор од регионот. Покрај тоа, на Ал Каеда дожевува неуспех во операции против муслиманските влади со цел да се предивика нестабилност“, забележуваат аналитичарите на Стејт департментот.Во извештајот се забележува и дека во 2009 г. е забележлива тенденцијата да се намали популарноста на Ал Каеда во муслиманскиот свет. Причината за то ас егледа во „бескрупулозните“ акции на ќелиите во Алжир, Саудиска Арабија, Пакистан и Индонезија, кои доведоа до зголемување на бројот на муслиманите кои сметаат дека како резултат на терористичките напади страдаат недолжните цивили.„Се’ повеќе има конзервативни свештеци и поранешни милитанти кои се противат на поддршката за Ал Каеда“, меѓу другот се наведува во документот.Како најактивни и најопасни ќелии и следбеници на организацијата, комисијата на Стејт департментот ги детектирала оние во Африка.Во 2009 г., терористите пројавиле значително зголемен интерес за изведување сајбер напади врз САД, како и употреба на високо софистицирана компјутерска технологија а многу терористички организации развиле свои интернет страници и форуми преку кои комуницираат.„Досега, овие напади не беа успешни. Терористите, исто така, со користење сајбер просторот се обидоа да оперираат во финансиските текови, но во оваа област со меѓународна соработка е значаен напредок во спречување на финансирањето на тероризмот“, се додава во извештајот.Бројката терористички напади низ светот и бројката лица кои настрадале во нив во 2009 г. е најниско во последните четири години во светот, според овој годишен извештај на Стејт департментот. Терористите извеле вкупно 10.099 напади минатата година, а во 2006-та оваа бројка изнесуваше 14.443 напади. Минатата година во овие напади загинале 14.971 лица, наспроти 22.736 во 2006 г.Сепак, Стеј департментот забележува дека Ал Каеда се покажала како прилагодлива и отпоран терористичка организација чија приоритетна желба и натаму останува да ги нападне САД и американските интереси во светот.Талибанскиот бунт во Авганистан беше финансиран и поддржан со обука од Ал Каеда и оттаму и натаму дава силен отпор на југот и истокот на земјата, но се шири и на север и на запад.Во извештајот на Конгресот се предупредува особено на ширењето на северноафриканскиот регион, од државите на Магреб на север до Сомалија. Иран е една од четирите држави кои САД ги сметаат за спонзори на тероризмот, кој како што е наведено во извештајот, им дава силна поддршка на екстремистите во регионот што „имаше директно влијание врз меѓународните напори за промовирање на мирот, се закануваше на стопанската стабилност во Заливот, го загрозуваше кревкиот мир и го поткопуваше јакнењето на демократијата“, се вели зивештајт на Стејт департментот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе
Шпанскиот премиер Педро Санчез повторно се спротивстави на нападите врз Иран што ги изведуваат САД и Израел, предупредувајќи дека со тие потези се „игра руски рулет со животите на милиони луѓе“.
Санчез се обрати откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со прекин на трговијата со Шпанија поради ставот на Мадрид за конфликтот.
„Така почнуваат големите катастрофи на човештвото. Не може да се игра руски рулет со судбината на милиони луѓе“, изјави Санчез во телевизиско обраќање.
Тензиите меѓу двата сојузника во НАТО се зголемија откако Санчез го осуди американско-израелското бомбардирање на Иран, нарекувајќи го непромислено и незаконско. Шпанија потоа забрани користење на американски авиони од поморските и воздушните бази во јужниот дел на земјата за напади врз Техеран.
Санчез порача дека светот не може да ги решава проблемите со конфликти и бомби и нагласи дека ставот на шпанската влада може да се сумира со зборовите „не за војна“.
„Нема да бидеме соучесници во нешто што е лошо за светот и спротивно на нашите вредности и интереси само за да избегнеме одмазда“, изјави шпанскиот премиер.
Тој потсети и на последиците од американската инвазија на Ирак во 2003 година, која доведе до пораст на тероризмот и на цените на енергијата, додавајќи дека причините и последиците од нападот врз Иран исто така се нејасни.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави за шпанската телевизија ТВЕ дека нападот врз Иран нема цел да воспостави демократија и нагласи дека Шпанија е суверена држава која одлуките ги носи во согласност со меѓународното право.
Свет
Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме
Иран нема намера да преговара со Соединетите Американски Држави и нема никакви контакти со Вашингтон, изјави за иранската државна телевизија Мохамад Мохбер, висок советник на покојниот врховен лидер на Иран.
Мохбер, кој претходно беше вршител на должноста претседател на Иран и прв потпретседател на државата, истакна дека Техеран нема доверба во САД.
„Немаме доверба во Американците и немаме никаква основа за преговори со нив“, изјави тој.
Додаде дека Иран е подготвен да ја продолжи војната „колку што долго сака“.
Свет
Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“
Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за Украина, што би можело да ја отежни нејзината одбрана од руските напади, објави бриселскиот „Политико“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека долготраен конфликт на Блискиот Исток може да го ограничи пристапот на Украина до американските системи за противвоздушна одбрана и други клучни ресурси.
Според официјални лица, САД веќе употребиле големи количини ракети и пресретнувачи во операциите против Иран, што може да влијае врз резервите на оружје во Европа и Украина.
Европските влади, кои немаат доволно резерви, се обидуваат да развијат сопствени воени капацитети и да продолжат да ја поддржуваат Украина, но тој процес може да трае со години. Зеленски изјави дека Украина ќе користи домашни ресурси и финансирање за да го надомести евентуалниот недостиг.
Кризата веќе влијае и врз плановите на Европската унија. Состанок поврзан со украинското членство, кој требало да се одржи на Кипар, бил одложен по напад со ирански дрон врз британска воздухопловна база на островот.
Во меѓувреме, САД и Израел извршија напади врз Иран, меѓу кои и ликвидацијата на врховниот лидер Али Хамнеи, што според проценките го ослабува Иран како снабдувач на руската воена опрема.
Украински официјални лица сметаат дека американските операции против Иран индиректно може да ѝ помогнат на Украина, бидејќи го намалуваат пристапот на Русија до ирански дронови и технологија.
Сепак, украински пратеници предупредуваат дека продолжената кампања на САД и Израел против Иран може да го забави напредокот на мировните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

