Македонија
Развивање политики на прилив на мозоци во Западен Балкан
Центарот за истражување и креирање политики организираше консултативна тркалезна маса во рамки на проектот „Развивање политики на прилив на мозоци во регионот на Западен Балкан“.
Центарот за истражување и креирање политики организираше консултативна тркалезна маса во рамки на проектот „Развивање политики на прилив на мозоци во регионот на Западен Балкан“.На дебатата се дискутираше како да се убедат младите и образовани кадри да се вратат во Македонија со што би придонеле за развојот на самата држава. Според Неџад Мехмедовиќ од овој Центар за истражување, различни институции даваат различни информации за тоа колкав број на образовен кадар е заминат на студии во странство и колкав број од нив се вратиле дома.„Ниту една влада до сега нема воведено националната стратегија за прилив на мозоци, односно како да ги врати младите луѓе назад во Македонија.Дури имаме и апсурд со стипендиите кои ги доделува Владата за студентите што аплицираат за Мастер студии во странство, кои кога потпишуваат договор се условени дека по враќањето во државата, доколку не се вработат во Владата, не смеат да работат во друга институција во следните три години,“ вели Мехмедовиќ.Тркалезната маса се одржа во просториите на Центарот за истражување и креирање политики. /крај/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

