Македонија
ОМД лобира во Конгресот на САД
Македонската дијаспора лобира во Конгресот на САД против Резолуцијата 486 поднесена во Претставничкиот дом лани, а со која Македонија се обвинува за непријателска пропаганда против Грција
Македонската дијаспора лобира во Конгресот на САД против Резолуцијата 486 поднесена во Претставничкиот дом лани, а со која Македонија се обвинува за непријателска пропаганда против Грција.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД), како што јави синоќа радиото Глас на Америка на македонски јазик се надева дека ќе обезбеди поддршка против усвојување на Резолуцијата.
„Нашите барања се да не се поддржува антимакедонската резолуција 486 што е поднесена од страна грчкото лоби во Вашингтон. Истовремено бараме да се зголемат средствата што се донираат во Македонија за различни проекти во економијата, образованието, здравството“, вели претседателот на ОМД Мето Колоски
Дијаспората во Конгресот го повтори ставот дека не се согласува со промена на името – Република Македонија.
Од канцеларија до канцеларија, ОМД посети 100-тина претставници на конгресмените на речиси тричасовната обиколка по Капитол Хил. Дијаспората во иднина планира да го зачести ваквото лобирање. /крај/воа/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

