Свет
Пет убиени полицајци во три напада во Багдад
Вооружени напаѓачи нападнале два полициски котролни пункта во сабота во Багдад, при што се убиени четири полицајци и јавно биле запалени две тела, како и еден пункт на секташка полција, потврдил извор од ирачкото министерство за внатрешни работи
Како што пренесува агенцијата Reuters, непознати вооружени лица прво се доближиле до еден полициски контролен пункт во источниот дел од Багдад и со употреба на огнено оружје со придушувач убиле двајца полицајци. Напаѓачите потоа го ставиле двете тела во полициското возило и го запалиле. Сличен напад се случил и во округот Амил, во југозападниот дел од ирачката престолнина, кога вооружени лица нападнале уште еден контролен пункт, убивајќи двајца полицајци. Во третиот инцидентот денеска, вооружени лица нападнале контролен пункт на припадници на локалната сунитска милиција која е во сојуз со ирачката влада, при што загинал еден сунитски милицаец а други двајца биле ранети. Последните месеци откако САД почнаа да го намалуваат бројот на свои војници во Ирак, седум години откако со интервенција го соборија режимот на Садам Хуесеин, припадниците на ирачките безбедносни сили се честа цел на напади. Вашингтон планира да ја намали присутноста на американските војници на околу 50 илјади, почнувајќи од 31 август (датум кој е одреден како формален крај на борбените операции во Иррак), од околу 60 илјади колку што ги има во моментот. Аналитичарите сметаат дека бунтовниците се обидуваат да го искористат овој вакуум простор, во кој веќе пет месеци не може да се состави новата ирчака влада, иако парламентарните избори се одржаа уште на 7-ми март годинава.Целокупното насилство во Ирак бележи намалување во однос на кулминацијата што ја имаше во времето кога беснееше меѓусекташката војна во 2006 и 2007 г., но во последните месеци речиси секојдневно се случуваат напади. Ирачките власти соопштија дека бројката цивили кои загинале во самоубиствените бомбашки напади, како и во други напади, изнесува 396 убиени, што претставува речиси двојно повеќе отколку 204-те цивилни жртви во јуни годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска и Романија воведуваат нов систем на оружје за одбрана од руски беспилотни летала
Полска и Романија воведуваат нов систем на оружје за одбрана од руски беспилотни летала, по серијата повреди на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО во последните неколку месеци.
Системот „Меропс“ со седиште во САД, доволно мал за да се смести во задниот дел на пикап со средна големина, може да идентификува беспилотни летала и да им се приближи, користејќи вештачка интелигенција за навигација кога сателитските и електронските комуникации се прекинати, објавува АП.
Покрај распоредувањето во Полска и Романија, „Меропс“ ќе го користи и Данска, изјавија воени претставници на НАТО, истакнувајќи дека одлуката е донесена како дел од напорите за зајакнување на одбраната на источниот дел на алијансата.
Целта е границата со Русија да биде толку полна со оружје што Русија дури и да не помисли на инвазија, од Норвешка на север до Турција на југ, изјавија претставници. Потребата за ваков вид технологија стана очигледна откако околу 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор на почетокот на септември.
Авиони од повеќе милиони долари мораа да одговорат на беспилотни летала вредни десетици илјади долари.
Подоцна, Романија се соочи и со упад на беспилотни летала, додека аеродромите во Копенхаген, Минхен, Берлин и Брисел беа привремено затворени поради беспилотни летала.
Беспилотни летала се забележани и во близина на воени бази во Белгија и Данска, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Сопругата на убиениот Чарли Кирк за последните моменти со него: „Не го бакнав за збогум“
Ерика Кирк, сопруга на убиениот американски активист Чарли Кирк, во емотивно интервју за „Фокс њуз“ зборуваше за нивните последни моменти пред убиството во септември за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута Вали.
Таа се присети дека последната ноќ била мирна и семејна кога нивната ќерка Џиџи им се придружила во креветот, па Чарли заминал да спие во друга соба.
„Му реков: „Оди спиј во нејзината соба, сакам добро да се наспиеш. Ќе го вклучам клима-уредот за да ти биде удобно. Само одмори се за да бидеш подготвен утре.
.Утредента тој влегол во тоалетот тивко, ја зел бурмата и не ја разбудил по што заминал.
„Не го бакнав ни за збогум“, изјави Ерика со треперлив глас.
Ерика често е под лупа на јавноста, а во истото интервју им одговари на критичарите што го анализираат секој нејзин потег. Нејзината реакција дојде откога прегратката со потпретседателот Џ. Д. Венс беше опишана како несоодветна на социјалните мрежи.
„Камерите беа околу мојот сопруг кога беше убиен. Камерите беа околу моите ужалени пријатели и семејството. Камерите беа околу мене анализирајќи го секој мој потег, анализирајќи ја секоја моја насмевка, секоја моја солза“, рече таа.
Свет
Руте: НАТО повеќе не заостанува зад Русија во производството на муниција
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека алијансата го поништила долгогодишниот јаз со Русија во производството на муниција нагласувајќи дека сојузниците сега произведуваат повеќе отколку што произведувале со децении.
Зборувајќи на Индустрискиот форум на НАТО во Букурешт, Руте рече дека „до неодамна Русија произведуваше повеќе муниција отколку сите сојузници на НАТО заедно“, но додаде дека тоа повеќе не е случај бидејќи западните одбранбени индустрии го зголемија производството.
„Сега отвораме десетици нови производствени линии и ги прошируваме постојните. Произведуваме повеќе отколку што произведуваме со децении“, рече тој.
Руте истакна дека силната одбранбена индустрија е клучна за силна алијанса и дека одлуката на лидерите на НАТО на јулскиот самит во Хаг да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година предизвикува големо зголемување на набавката на капацитети од авиони и тенкови до беспилотни летала, муниција, сајбер и вселенски средства.
„Има повеќе пари на маса, а уште повеќе ќе дојдат“, рече тој истакнувајќи дека европските сојузници и Канада значително ги зголемуваат инвестициите.
„Но, секако, само парите не може да обезбедат безбедност. Потребни ни се капацитети, потребна ни е опрема, вистинска огнена моќ и, секако, најнапредна технологија“, додаде тој.
Шефот на НАТО исто така предупреди дека наводната закана од Русија ќе продолжи дури и по војната во Украина и ја истакна растечката одбранбена соработка меѓу Москва, Кина, Северна Кореја и Иран.
„Не можеме да бидеме наивни. Мора да бидеме подготвени“, рече тој повикувајќи на подлабока соработка и побрзи производствени циклуси во рамките на алијансата.
Фото: принтскрин

