Свет
Нови судири на тајландско-камбоџанската граница
Камбоџански воени извори во недела соопштиле дека избиле нови судири на границата меѓу Камбоџа и Талјанд, еден ден откако беше договорено примирјето
Како што пренесува AFP, за агенцијата камбоџански воен претставник изјавил дека престрелката трае во текот на денот и дека први почнале да стрелаат тајландските војници. Всушност ова е продолжување на судирот меѓу пограничните единици на Тајланд и Камбоџа кој почна од петокот околу спорната погранична територија. Тајландски воени извори и очевидци за Reuters изјавиле дека засега нема информации за жртви. Претставниците на Тајланд и Камбоџа во саботата се согласија на прекин на огнот и замрзнување на бројот војници во областа на спорната граница. „Добиваме извештаи за нова престрелка која се случува во моментот, а податоци за жртви се’ уште не се пријавени“, изјавил портпаролот на војската на Тајланд за Reuters. Претходните два дена во судирите загинаа два војника на Тајланд, три војника на Камбоџа и еден тајландски фармер. Според аналитичарите, конфликтот кој се активира а потоа згаснува во текот на изминатите 50 години се јавува поради внатрешните политички проблеми на Тајланд. Во пресрет на општите избори што ќе се одржат во 2011 г,, тајландските националисти нагло ги зголемија активностите со нивните радикални говори и улични протести, барајќи „чистење на окупираните тајландски територии“ од камбоџанските војници и доселеници. Во моментов односите меѓу Тајланд и Камбоџа се многи тензични. Територијалниот спор околу земјиштето на кое се наоѓа древниот хинду храм Преах Вихеар или Пхра Вихан, кој е на листата на УНЕСКО на светското културно и историско наследство ги доведе двете земји кои по уредување се царства, на работ од војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка се сомнева дека Трамп ќе се обиде да го заземе Гренланд со сила
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека не верува оти новоизбраниот претседател Доналд Трамп би се обидел да го заземе Гренланд со сила.
„Немаме причина да веруваме дека тоа ќе се случи“, рече данската премиерка.
Фредериксен рече дека се обидува да воспостави разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговите изјави за преземање контрола врз Гренланд.
„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“, рече Фредериксен додавајќи дека Данска е отворена за дискусии за американските интереси на Арктикот, пренесува „Анадолија“.
Претходно, Фредериксен се сретна со лидерите на политичките партии во данскиот парламент, вклучително и двајца претставници од Гренланд, за да ги информира за начинот на кој владата се справува со настаните.
„Предложивме разговор. Мислам дека ништо конкретно нема да се случи пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател“, рече Фредериксен.
Трамп, чија инаугурација е на 20 јануари, повторно го иницира контроверзното прашање на платформата Truth Social.
„Гренланд е неверојатно место и луѓето ќе имаат огромна корист ако и кога ќе стане дел од нашата нација. Ќе го заштитиме од многу злобниот надворешен свет. Направете го Гренланд повторно голем“, напиша Трамп.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави во средата дека островот нема амбиции да стане сојузна држава во рамките на Соединетите Американски Држави.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Свет
Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс
Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес за чудо сè уште постои.
Имотот вреден 26 милиони долари, кој 68-годишниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, за влакно избегна пожар во Лос Анџелес и остана недопрен. Огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.
Додека домот на Хенкс со четири спални соби и пет бањи изгледа недопрен, огромната вила покрај ридот над неговата куќа била уништена од пожарот, пишува „Пејџ сикс“. Том и Рита сѐ уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно морале да се евакуираат.
Чет Хенкс, синот на Том и Рита, претходно се огласи на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша 34-годишникот на социјалните мрежи.