Свет
Полицијата зазема база за дрога во центарот на Рио
Полициските специјалци ја преземале целосно контролата врз девет фавели кои служеле како бази на трговците со дроги, соопшти прес-службата на полицијата на Рио Дежанеиро
Големата полициска операција против трговците со дроги во која биле употребени и оклопни возила и воздушна поддршка, започнала во централниот дел на Рио Дежанеиро, во неделата во зори по локално време (околу 9 часот по македонско време). Таа траела околу два часа, и во неа учествувале 700 агенти – припадници на елитните полициски единици и 150 маринци кои успеале да ја преземат контролата врз територијата близу центарот на градот. Според секретаријатот за јавна безбедност на Рио Дежанеиро, во подготовката на денешната операција се користило искуството од првата ваква акција којашто беше спроведена минатиот ноември, во северниот дел на периферијата на градот. Тогаш за помалку од два часа од 2.600 припадници на полициските специјални сили, маринци и армиски падобранци, поддржани од хеликоптери и оклопни возила ја презедео контролата на озлогласениот комплекс од фавели „Алеамо“, едно од главните упоришта на трговците со дроги. Ова е вторпат бразилската полиција да користи за транспорт на специјалните сили оклопни транспортери од морнарицата на Бразил. Во акцијата биле употребени 21 единици од оклопни возила. Покрај тоа, воздушната поддршка на специјалците им била обезбедена со оклопни хеликоптер,сепцијално произведени за вакви операции кои во составот на вооружените полицаски единици се од почетокот на февруари. Во заедничка операција на безбедносните сили се исто така вклучени сили на сообраќајната полиција, кои ги блокирале автопатите кои водат кон и од Рио, во случај на обид за бегство на приапдниците на нарко картелите. Полицијата соопшти дека операцијата за апсење на криминалците и заплена на оружјето и дрогите во фавелата продолжува и натаму. Најавено е дека деталите од операцијата ќе бидат соопштени во текот на денот. Според властите, една од причините за нападот денеска била зголемената активност на бандитите во центарот на Рио. Во последните неколку седмици, припадниците на локалните банди често отворале оган врз полициските патроли. Во крајот на јануари, во една од прстрелките со полицијата беше погодена и главната административна зграда на Општината на Рио, како и хеликоптер бразилската телевизија Globo. Тогаш немаше настрадани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете
Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.
„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.
Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.