Европа
'Антитерористичка' операција во Харков

Привремениот украински министер за внатрешни работи Арсен Аваков објави во вторникот дека во тек е „антитерористичка” операција во источниот град Харков во која се уапсени 70 „сепаратисти”, односно проруски активисти кои бараа федерализација на Украина, а потоа и референдум за присоединување кон Русија заземајќи згради на регионалната администрација во неколку градови на Донецката област, меѓу кои и во Харков.
На својот профил на Facebook, министерот Аваков напишал дека е „Покрената антитерористичка операција. Блокиран е центарот на градот и станиците на подземната железница”. Не се грижите, кога ќе завршиме повторно ќе ги отвориме”.
Агенцијата Интерфакс Украина го пренесува соопштението на министерството за внатрешни работи кое објави за апсењата на осомничени за „илегални активности поврзани со сепаратизам, организирање масовни безредија и загрозување на човековото здравје”, Дополнителни активност за оваа акција не се соопштуваат.
Аваков во понеделникот нареди зградата на регионалната администрација во Харков да биде „исчистена” од „сепаристичките демонстранти”. Тој го обвини рускито претседател Владимир Путин дека стои зад протестите и вери дека тие ќе бидат ставени под контрола без насилство.
Претходно ноќта кон вторникот руското министерство за надворешни работи го предупреди Киев да го запре испраќањето на воени единици во источна Украина за да задушат „атнивалдините протести”.
Руското министерство за надворешни работи изрази загриженост од распоредувањето на дополнителни сили на украинската армија во чиј состав се 150 припадници на американската организација Greystone, и предупреди дека се провоцира граѓанска војна .
Според сознанијата на руската страна, во југоисточните региони на Украина, вклучително и Донецк во близина на границата со Русија, каде од недела започнаа митинзите на проруските активисти и рускојазичното население со барање за федерализација на Украина, кои во понеделникот се претворија во барање за распишување референдум за присоединување кон Русија и прогласување на ткн Донецка и Харковска народна република, се распоредуваат единици на украинските внатрешни војски (паравоена полициска единица) и на Националната гарда на Украина во чиј состав се припадници на ултранационалситичката вооружена формација Десен сектор. Според министерството за надворешни работи на Русија, нивната цел е да го задушат протестот на населението од украинскиот југоисток против политиките на новите прозападни власти во Киев.
Руската дипломатија истакнува дека учесниците во оваа провокација преземаат врз себе огромна одговорноста за создавање закана за правата, слободите и животите на цивилните граѓани на Украина, за стабилноста на украинската држава. „Ги повикуваме неодложно да ги прекинат сите воени подготовки, коишто можат да предизвикаат граѓанска војна”, се предупредува во изјавата на руската дипломатија.
Во вторникот рано претпладнето спикерот на украинскиот парламент Олександр Турчинов на отворањето за заседанието на Врховната Рада соопшти дека е ослободена зградите на локалниот оддел на Службата за безбедност на Украина (СБУ) во Донецк и на регионалната администрација во Харков, коишто од неделата беа под контрола на проруските демонстранти. Истакнал дека за време не операцијата за заземањето на зградата во Харков, против безбедносните сили „беше употребувано оружје, како и рачни гранати, при што неколку припадници се здобиле со тешки повреди”, пренесува агенцијата УНИАН.
Турчинов потврдил дека во Харков се приведени 70 лица, како и дека полицијата спречила „провокации” во Днепропетровската и Николевската област. Спопред него, наскоро ќе бидат ослободени и зградите на донецката администрација и на СБУ во Луганск.
Според пратеникот на партијата Баткившчина (Татковина) Николај Кнјажицки, сите уапсени во Харков биле пренесени во затвори во Киев и во Полтава, во западниот дел од земјата. Додал дека во Харков дејствувала полкот „Јагуар” на специјалната единица на Внатрешните војски од Западната регионална команда./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин