Свет
Мајкл Џексон – легендарен забавувач со бизарно однесување
Мајкл Џексон, „кралот на поп музиката“, кој почина во четвртокот во Лос Ангелес по прекин на работата на срцето, зад себе остави наследство
Мајкл Џексон, „кралот на поп музиката“, кој почина во четвртокот во Лос Ангелес по прекин на работата на срцето, зад себе остави наследство на револуционерно влијание врз музиката, обременето со обвинувања за злоставување деца и бизарно однесување.
Имаше 50 години и се подготвуваше за 50 концерти во Лондон во О2 Арена, кои требаше да бидат завршена серија на неговите настапи во живо.
Џексон, кој по десетината пластични операции и депигментацијата, делуваше крајно неприродно, во последно време, според изјави на негови блиски, бил многу исцрпен и со кревко здравје.
Постариот брат на Мајкл, Џермејн Џексон (54) им изјави на новинарите дека лекарите од итна помош се обиделе со реанимација, еден час откако Мајкл бил хоспитализиран. „ Не беа успешни“, изјави Џермејн. „Нека Алах биде со тебе, засекогаш“, додаде тој.
Личниот лекар на Мајкл бил со него кога колабирал во семејниот дом и се обидувал да го оживее. „Нека Алах биде со тебе, засекогаш“, рече Џермејн Џексон.
Пожарникарската служба на Лос Ангелес била повикана во резиденцијата на Џексон во 12,26 часот по западноамериканско време. Болничарите се обиделе да го оживеат Мајкл, кој не давал знаци на живот, кога тие пристигнале. Итно бил префрлен во Медицинскиот центар УКЛА, оддалечен само десет километри.
Лиза Мери Присли, ќерката на легендарниот Елвис Присли, која беше мажена за Мајкл Џексон од 1994 до 1996, соопшти дека е „шокирана и ожалостена од смртта на Мајкл“ и оти нејзиното срце е со децата и семејството на Мајкл.
Прославената актерка Елизабет Тејлор, според многумина, најблиската пријателка на Мајкл, е „премногу потресена од смртта на драгиот пријател за да издаде соопштение“, соопшти нејзиниот портпарол.
„Долго време, Мајкл, несомнено беше најславната личност на планетата“, изјави Џед Хили, извршен директор на Американската музичка асоцијација АМА:
Брук Шилдс, која кратко време се забавуваше со Мајкл, исто така, објави соопштение.„Моето срце е скршено поради големата загуба на мојот вистински пријател Мајкл. Беше исклучителен пријател, уметник и некој кој придонесува за светот“, наведе Шилдс.
Голем број обожаватели на Мајкл Џексон се собраа во четвртокот вечер по западно американско време, пред Медицинскиот центар УКЛА,. како и неговиот дом и домот на неговите родители во Калифорнија.
Со солзи и песни, собирање на обожавателите на кралот на поп музиката имаше и во Њујорк, Вашингтон, Филаделфија, Чикаго и во други американски градови./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

