Македонија
Донација за средното училиште „Лазар Личеновски“

Сликарски материјали во вредност од 300,000 денари ќе биде предадена денеска за учениците од Државното средно училиште за применета уметност
Сликарски материјали во вредност од 300,000 денари ќе биде предадена денеска за учениците од Државното средно училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“ од Скопје.
Донацијата е обезбедена преку хуманитарниот настан „Од големите уметници за малите уметници“.
На овој настан ученици од „Лазар Личеноски“ сликаа ликовни дела, а авторски дела даруваа еминентните сликари Владимир Гергиевски, Коле Манев, Наташа Милованчев, Гоце Божурски, Антони Мазневски, Константин Качев, Милош Коџоман, Никола Иванов Балтон, Анка Данаиловска и Милан Андов./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон ГП Јажинце и преминот на границата во двата правци

Министерството за внатрешни работи известува дека поради пожар во близина на Јажинце, прекинат е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Јажинце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
„Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Јажинце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста“, велат од МВР.
Македонија
СДСМ: Мицкоски повторно халуцинира, Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа

Мицкоски повторно халуцинира, Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа, велат од СДСМ.
„На секојдневните јавни настапи „отворајќи“ чешми и други „мега-проекти“ Мицкоски се фали со имагинарни успеси во недостиг на реални резултати кои би го подобриле животот на македонскиот граѓанин. СДСМ јавно го прашува премиерот каде се инвестициите со кои се фали? Доколку навистина постојат наредниот пат нека се потруди нека ги научи на памет и нека ги посочи со име и онака не се премногу за да ги запамети. Изјавите како четврта економија во Европа, шеста економија во свет по инвестиции се само резултат на розовите очила кои очигледно ги носи премиерот“, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека дека Македонија е четврта во Европа, но одзади и тоа на листата на најсиромашни земји во Европа.
„Македонија се наоѓа на четвртото место меѓу најсиромашните европски држави, според најновите податоци за бруто-домашниот производ (БДП) по глава на жител. Според анализите, БДП по жител изнесува 8.751 долар, а според паритетот на куповна моќ (PPP) – 19.290 долари. Ова е резултат пред се на безидејноста на македонската Влада која ја закочи европската иднина на државата, а младите просперитетот го гледаат надвор од своето родно место. Само минатиот месец имаме покачување на невработеноста за 2900 лица, а во мандатот на Владата на Мицкоски имаме повеќе од 32 илјади затворени работни места. Најголем дел од овие луѓе ја напуштиле државата и си заминале по белиот свет да побараат подобра шанса за успех и просперитет. За жал ниту еден фејк статистички податок овие млади луѓе нема да ги врати назад“, велат од СДСМ.
Македонија
Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. В недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.