Контакт

Политика

ВМРО-ДМНЕ: Аболицираниот мултимилионер Заев е крал на лагите

Објавено пред

Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев се круниса во крал на лагите, контрадикциите и манипулациите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Заев тврди дека немало демократија, а самиот во сопствена изјава дадена пред камера, не знае точно дали заработил 5 или 6 милиони евра во времето додека ВМРО ДПМНЕ е на власт. За аболицираниот мултимилионер Зоран Заев еден милион евра е незначителна разлика“, се вели во соопштението.

 

Притоа се истакнува дека од една страна лидерот на СДСМ тврди дека се залага за враќање на средната класа, а според истражувањата на медиумите бизнисите на неговите фирми остваруваат фрапантни приходи од 12 милиони евра.

 

„Заев сега го напаѓа Уставниот суд, а токму неговата сопартијка и сограѓанка Цветанка Иванова во 2009 година тврдеше дека противуставно било да се крателе ингеренциите на претседателот предвидени во Законот за помилување. Јавноста памети дека благодарение на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, аболицираниот мултимилионер Зоран Заев тогаш не одговараше за криминал тежок 8 милиони евра“, се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Воедно се наведува дека Заев зборува за слободни медиуми и слобода на говор, а предлага законски решенија со кои се воспоставува цензура.

 

„Заев обвинува дека недостасувала инфраструктура во општина Илинден, но заборава на пустелијата која зад себе ја остава во Струмица. Оттука ја разбираме потребата на аболицираниот мултимилионер Зоран Заев да се крие зад манипулации, флоскули, паушалност и голи лаги, за да ја покрие својата неспособност и безидејност“, се вели во реакцијата.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека граѓаните можат лесно да направат разлика помеѓу тоа што е направено во Илинден и тоа што не е направено во Струмица.

 

„Граѓаните лесно може да направат разлика помеѓу тоа што е реализирано во време на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што не е направено во време на СДСМ. Оттука го разбираме стравот на СДСМ и Зоран Заев да се соочат со фактите. Оттука го разбираме и стравот на СДСМ да се соочат со народот кој е мудар и знае да направи разлика“, се вели во соопштението.

 

Казната за ваквата деструктивна политика на СДСМ пристигнува и ќе го стаса по десетти јубилеен пат по ред. Од тоа бегање им нема, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/мф/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија7 часа

Мицкоски: Грчевито се бориме да нема покачување на струјата, но ако мора, еве нека биде во третиот и четвртиот блок

Владата ќе се бори да не дојде до покачување на струјата, ниту за најавените до три проценти по Нова година....

Македонија8 часа

Почина владиката Тимотеј

Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј починал денеска во болница. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето, објави „Религија.мк“....

Македонија9 часа

Меџити: ЈСП утре добива шест електрични автобуси, Владата ќе купи уште 120 и ќе им ги донира на општините со цел намалување на загадувањето

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оценува дека природата овие денови направи...

Топ10 часа

Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено

Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за...

Свет10 часа

Брод полн со туристи потона во Египет

Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на...

Македонија11 часа

Сменетата изјава на Кешишев нема доказна вредност, рече обвинителката, која тврди дека имаат материјални докази оти Палевски стои зад убиствата

Обвинителството има материјални докази дека Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиствата на Вања и Панче, изјави обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска пред...

Свет12 часа

(Видео) Снимен моментот на падот на авионот во Литванија, силна експлозија го осветли небото

Безбедносните камери го снимија моментот кога авион се урна недалеку од аеродромот во Литванија. Авионот со четворица членови на екипажот...

Македонија12 часа

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Новата Заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ порача функцијата со себе носи...

Европа12 часа

Украинците првпат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин

Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета, која беше пробно лансирана во четвртокот погодувајќи фабрика во Украина....

Македонија13 часа

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче, не може да донесат ништо ново и добро ни во СДС ни во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново...

Македонија13 часа

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира пред да изнесува невистини во јавност

Министерството за животна средина и просторно планирање остро реагира на изјавата на советничката на Град Скопје, Ирена Витина, за обезбедувањето...

Свет13 часа

(Видео) Мафијашка пресметка во ноќен клуб во Мексико, шест мртви и 10 ранети

Најмалку шест лица се убиени, а четворица се тешко ранети во масовно пукање во ноќен клуб во градот Вилахермоза, Мексико,...

Европа14 часа

(Видео) Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката „Тајфун“, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга објави Андриј Коваленко, раководител на...

Европа14 часа

(Видео) Товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус: едно лице загина, неколку повредени

Рано утринава товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните...

Европа15 часа

Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта

Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија...

Европа15 часа

(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Турција

Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата,...

Македонија1 ден

Фани Каранфилова-Пановска е новата заменичка-претседателка на СДСМ, следната недела ќе бидат избрани и останатите раководни тела

По завршување на 30. Конгрес на СДСМ, претседателот на партијата, Венко Филипче информираше за донесените одлуки, констатирајќи дека имало одлична...

Македонија1 ден

Oбјавени имињата на членовите на новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

На 30. Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат...

Македонија1 ден

На 53-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Мицевски

Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021...