Контакт

Македонија

НБМ- Индустриското производство паднало за 9,9 насто

Објавено пред

Индустриското производство во Македонија во април годинава пораснало за 1,3 насто во однос на претходниот месец, но кумулативниот пад во првите

dobivaj vesti na viber

Индустриското производство во Македонија во април годинава пораснало за 1,3 насто во однос на претходниот месец, но кумулативниот пад во првите четири месеци од годинава изнесува 9,9 насто.

Според месечната информација на Народната банка на Македонија, индустриското производство во април 2009 на годишно ниво се намалило за 7,7 насто, што најмногу се должи на намаленото производство на основни метали.

НБМ оцени дека податоците за инфлацијата укажуваат на стабилизирање на потрошувачките цени, при што годишната стапка на инфлација во мај изнесувала 0,4 насто, а во првите пет месеци од годината 0,5 проценти.

Во перидот јануари-мај евидентирано е намалување на девизните резерви на НБМ и на 31.05 тие изнесувале 1,16 милијарди евра. НБМ соопшти дека во првите три месеци од годината поради вложување на трговското салдо во услови на намалени приливи од приватни трансфери и капитални приливи, интервенирала со нето продажба на девизни средства.

Банката додава дека во јуни дојде до промена на девизниот пазар, по што таа почна да откупува девизи, и девизните резерви до 24 јуни се зголемиле за 41,8 милиони евра.

Овие движења даваат позитивен сигнал, но според НБМ, се уште е рано да се зборува за промена на трендовите.

Во банкарскиот сектор во мај годинава е забележано забавување на годишниот растеж на вкупните депозити. Во мај тие се зголемиле за 2,9 насто, наспроти 6,3 проценти регистрирани во април. Од друга страна кредитирањето од страна на банкарскиот сектор на годишно ниво се зголемила за 18,5 насто (21,4% во април) и поинтензивно е забавена стапката на раст на кредитите за домаќинствата, се наведува во месечната информација на Народната банка на Македонија.

НБМ на денешната седница усвоила и Одлука за начинот и постапката за воспоставување и примена на програмата на банките за спречување перење пари и финансирање на тероризмот/крај/со/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Објавено пред

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.

dobivaj vesti na viber

На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.

Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.

Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.

Се гласа на 3.474 избирачки места.

На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

Прикажи повеќе...

Македонија

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“

Објавено пред

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.

dobivaj vesti na viber

Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои  бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.

 

Маршот за нивните ангели родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица.

27. „Марш за ангелите“ во Кочани денеска заврши каде  и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата. На Локалните избори 2025 во Северна...

Македонија16 часа

Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „На 16 октомври 2025 во 20...

Топ19 часа

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија19 часа

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија21 час

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија21 час

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија23 часа

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион1 ден

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет2 дена

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија2 дена

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија2 дена

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ2 дена

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ2 дена

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија2 дена

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија2 дена

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет2 дена

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија2 дена

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа2 дена

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет2 дена

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...