Македонија
Х.Е.Р.А: Македонија да воведе сексуално образование во училиштата
Во Македонија има потреба од воведување сексуално образование во училиштата, покажуваат резултатите од истражувањето со кое се утврдија потребите на родителите, наставниците и учениците, истакнуваат од Х.Е.Р.А
Со истражувањето насловено „Љубов само по часови“, од оваа организација прават преглед на постојните образовни програми и според нив, „не само што не постои усогласен пристап за начинот на кој се даваат информациите за една тема низ наставната програма, туку често, иста тема може да биде изложена со двојни вредности во ист учебник“.„Некои од наставните материјали промовираат стереотипи (на пр. За сексуалната различност, хормоналната контрацепција итн.) и имаат негативни ставови кон љубовта и сексуалноста,“ истакна Драшко Костовски, програмски директор на Х.Е.Р.А.Од организацијата известуваат дека според нивните истражувања спроведени во 2009 година на Македонија и е потребно сеопфатно сексуално образование и потврдија дека тие и понатаму ќе продолжат да лобираат и да соработуваат со граѓанските организации и со одговорните државни институции за подобрување на пристапот до бесплатни, доверливи и квалитетни здравствени и социјални услуги за сите. „Посебни напори ќе се вложат за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје како и сексуалните права на младите, ранливите групи, особено лицата кои живеат со ХИВ,“ велат од оваа организација.Оваа година Х.Е.Р.А стана рамноправна членка на Меѓународната федерација за планирано родителство, која што е една од најголемите светски организации во полето на сексуалното и репродуктивното здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

