Економија
Продолжи негативен тренд на македонската берза

При денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност, акциските индекси прикажаа негативен тренд, така што МБИ10 го оствари петтиот непрекинат дневен пад, кој изнесуваше 0,71%.Вкупниот промет на берзата изнесуваше 8.704.141,26 денари.
При денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност, акциските индекси прикажаа негативен тренд, така што МБИ10 го оствари петтиот непрекинат дневен пад, кој изнесуваше 0,71%.Вкупниот промет на берзата изнесуваше 8.704.141,26 денари.Најтргувана акција од официјалниот пазар со промет од 1.277.450,00 денари беше Гранит Скопје. Просечната цена од 818,22 денари предизвика умерено зголемување од 0,74%. Оваа акција забележува континуиран пораст во последните четири трговски дена. Минималната цена изнесуваше 815,00 денари, а максималната 825,00 денари. Истргувани беа 1.561 акции кои се реализираа преку 38 трансакции. Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше Реплек Скопје со промет од 1.056.000,00 денари. Просечната цена изнесуваше 48.000,00 денари што не резултираше со промена на дневна основа. Истргувани беа вкупно 22 акции кои се реализираа преку 7 трансакции.Единствена акција меѓу трите најликвидни од официјалниот пазар беше Макпетрол Скопје која оствари промет од 835.142,00 денари. При просечна цена од 36.310,52 денари, беше остварено намалување од 0,54%. Овој пад создаде низа од три намалувања едно по друго. Ценовниот распон се движеше помеѓу 36.000,00 денари и 36.600,00 денари. Истргувани беа вкупно 23 акции кои се реализираа преку 11 трансакции. На редовниот пазар најликвидна беше акцијата на Македонски Телеком Скопје која оствари промет од 1.073.595,00 денари, што беше доволно за позиционирање на второто место според обем на тргување на целата берза. Просечната цена од 492,25 денари значеше умерен пад од 0,37%. Минималната цена изнесуваше 490,00 денари, додека максималната изнесуваше 495,00 денари. Истргувани беа 2.181 акции кои се реализираа преку 15 трансакции.Следуваше ФЗЦ 11 Октомври Куманово со промет од 885.336,00 денари. Просечната цена од 1.105,29 денари значеше зголемување од 1,12%. Истргувани беа 801 акции кои се реализираа преку 10 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Гранит Скопје2. Македонски Телеком Скопје3. Реплек Скопје4. ФЗЦ 11 Октомври Куманово5. Макпетрол СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Р.Македонија – Денационализација 06 3,12%2. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 1,12%3. Гранит Скопје 0,74%4. Македонија турист Скопје 0,67%5. Тутунски Банка Скопје 0,19%Хартии од вредност со најголем пад1. ЗК Пелагонија Битола 3,33%2. Сигурносно стакло Прилеп 2,78%3. Стопанска Банка Скопје 2,06%4. Комерцијална Банка Скопје 1,94%5. ОКТА Скопје 1,35%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 % во однос на одлуката од 6.10.2025 година.
Од 14.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,661 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,001 ден/кг и сега изнесува 36,661 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,358% и кај дизелот за 2,566%, кај екстра лесното масло за 2,450% и кај мазутот намалувањето е за 0,645%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110%.
Економија
Халкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит

Халкбанк АД Скопје им овозможува на своите клиенти нова можност да ги реализираат своите желби и планови под поволни услови, преку промотивната понуда за Промо потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата.
Новиот производ на Халкбанк е со максимален износ до 2 500 000 денари, со можност за отплата до 120 месеци, и камата што останува непроменета во текот на целиот период на отплата. За кредити со рок до 95 месеци, каматната стапка изнесува 5% фиксна, а за кредити со рок до 120 месеци – 5,7% фиксна, со вклучено осигурување (CPI или Живот + Незгода).
Кредитната способност за вработени лица изнесува до 50% од месечните примања, додека пензионерите можат да користат кредит до 600 000 денари, по фиксна камата од 5%, со рок на отплата до 120 месеци, и кредитна способност до 40% од износот на пензијата.
Покрај поволните услови, Промо потрошувачкиот кредит овозможува висок степен на заштита и сигурност, благодарение на вклучените осигурителни полиси за случај на несреќа, боледување или невработеност, издадени од Халк Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување – Живот АД Скопје.
Со вкупна стапка на трошок (СВТ) од 5,78% за кредити со рок на отплата до 95 месеци и 6,53% за кредити до 120 месеци, оваа промотивна понуда претставува една од најповолните и најсигурни можности на пазарот за реализација на лични цели и финансиски планови.
Промоцијата е со важност до 30 ноември 2025 година.
(ПР)
Економија
МЗШВ: Во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на домашниот и меѓународниот пазар.
Мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од ИПАРД Програмата овозможува финансиска поддршка за модернизација на преработувачките капацитети, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и усогласување со европските стандарди. Преку оваа мерка се поддржува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор во целина.
Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата за периодот 2021 – 2027 година).
Министерството ги повикува сите заинтересирани да започнат со навремена подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните објави на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.