Свет
Путин, според анкетите, ќе победи во првиот круг
Рускиот премиер, Владимир Путин, уверливо ќе победи, уште во првиот круг, на парламентарните избори кои ќе се одржат во недела, предвидуваат последните испитувања на јавното мислење.
Рускиот премиер, Владимир Путин, уверливо ќе победи, уште во првиот круг, на парламентарните избори кои ќе се одржат во недела, предвидуваат последните испитувања на јавното мислење. Според анкетите, Путин уште во првиот круг ќе освои 60 отсто од гласовите на електоратот. За да го избегне вториот круг на гласање на актуелниот премиер на Русија ќе му биде потребно да освои 50 отсто плус еден глас на претседателските избори. Против кандидати на Путин на изборите на 4. март ќе му бидат челници на три парламентарни партии – Генадиј Зјуганов од Комунистичката партија, Сергеј Миронов од партијата Праведна Русија, Владимир Жирновски од Либерално демократската партија на Русија и независниот кандидат Михаил Прохоров. Според аналитичарите, победата на Путин во првиот круг, може да ја спречи само размислувањето на Русите дека тој ќе победи и без нивните гласови. Анкетите покажуваат дека доколку има втор круг, противник на Путин ќе му биде Генадиј Зјуганов, за кого според анкетите во првиот круг би гласале околу 15 отсто од избирачите. Популарноста на Путин започна да расте во последните два месеци, откако по парламентарните избори, кои се одржаа во декември минатата година, таа изнесуваше околу 40 отсто. Изборите во Русија ќе ги надгледуваат околу 600 преставници на Организацијата за европска безбедност и соработка, како и набљудувачаката мисија на Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа. За следење на претседателските избори во Русија се акредитирани повеќе од 4.000 новинари. Путин во два мандати веќе беше претседател на Русија, во 2000 доби 53 отсто, а во 2004 година 71 отсто од гласовите на електоратот. Неговиот наследник Дмитриј Медведев, на изборите во 2008 година, освои 70 отсто од гласовите, на овие избори, според тогашните уставни одредби, Путин немаше право да се кандидира. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

