Свет
Соработка со НАТО сакаат помалку од 50 отсто Руси
Четириесет итри отсто од Русите се изјасниле за за соработка со земјите на НАТО, покажува анкетата спроведена од Серускиот центар за истражување на јавното мнение претставено во петокот.
Четириесет итри отсто од Русите се изјасниле за за соработка со земјите на НАТО, покажува анкетата спроведена од Серускиот центар за истражување на јавното мнение претставено во петокот. И покрај тоа, индексот на доверба во северноатлантската алијанса во Русија расте. На пример, пред две години, само 33 отсто од Русите ја одобруваа идејата за соработка со западна воена организација. „За соработка со НАТО најголема тенденција има меѓу поддржувачите на партијата Справедлива Русија, 54 отсто. Противници на проширувањето на соработката со блокот има најмногу кај приврзаниците на партијата ЛДПР (на Владимир Жириновски – з.н.), со 37 отсто и на непарламентарните партии – 49 отсто“, се наведува во соопштението на Центарот, што го цитира РИА Новости. Борбата против трговијата со дрога и организираниот криминал е, според мислењето на руската јавност, како една од приоритетните области во соработката меѓу Русија и НАТО ја сметаат 36 Руси. На второ место со 32 проценти изјаснети испитаници е прашањето на зајакнување на улогата на двете војски во борбата против меѓународниот тероризам, а на трето место со 25 отсто е соработката во справувањето со природни катастрофи. Последното нешто што Русите го очекуваат од соработката на нивната земја со НАТО е развивањето заеднички оружја и размената на разузнавачки податоци, со 8 отсто. Во четвртокот во Брисел заврши средбата на Советот Русија – НАТО на ниво на министри за надворешни работи. Двете страни се согласија да ја зајакнат меѓусебната соработка во контролата на биолошкото и токсичното оружје. Во рамките на самитот беше отворено и прашањето за ткн EUROPRO, односно анти-ракетниот штит што по иницијатива на САД се распоредува во земјите членки на Алијансата на границите со Русија, што Москва го смета за акт насочен против нејзината безбедност . Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во овој контекст во Брисел рече дека руските власти сакаат западните партнери на Русија да го почитува мислењето на воените експерти, зборувајќи за можноста за директна насоченост на системот EUROPRO против Русија. Во споменатата анкета, која била спроведена во периодот на 22-ти и 23-ти октомври, учество земале 1.600 испитаници од 46 региони на Русија. Статистичката грешка во резултатите од анкетата не надминува 3,4 отсто, посочуваат од Серускиот центар за истражување на јавното мнение./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Истражителите ја пронајдоа клучната причина за несреќата во Шпанија
Истражителите на местото на несреќата пронајдоа оштетен спој на шината за кој се верува дека е клучната причина за излетувањето на возот од шините, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со првичните наоди од истрагата.
Според агенцијата, експертите што ги истражуваат причините за несреќата од синоќа откриле скршен спој на шината.
Техничарите пронајдоа абење на спојот помеѓу деловите од шината, познат како рибја плоча, и рекоа дека ова укажува дека дефектот постоел веќе некое време.
Претседателот на шпанската државна железничка компанија „Ренфе“, Алваро Фернандез Хередија, претходно изјави дека „човечката грешка“ е практично исклучена како причина за несреќата.
Како што претходно беше објавено, засегнатиот дел од пругата беше целосно обновен дури во мај минатата година, но проблемите продолжија да се појавуваат на него.
фото/епа
Свет
Унгарија: Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија
Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за време на посетата на Прага, додека Унгарија сигнализираше дека нема да поддржи заедничка изјава на ЕУ за ова прашање.
„Сметаме дека ова е билатерално прашање кое може да се реши преку разговори меѓу двете страни… Не мислам дека е прашање на ЕУ“, рече Сијарто откако американскиот претседател Доналд Трамп ги засили напорите да го преземе суверенитетот над Гренланд од членката на НАТО Данска.
Претходно, Трамп рече дека безбедносните причини се клучни за неговата желба да ја преземе контролата врз Гренланд, сугерирајќи дека Русија и Кина би можеле да ја преземат контролата врз Арктикот ако Вашингтон не го стори тоа.
Заканата на Трамп да воведе царини за осум европски земји доколку не го поддржат неговиот план за купување на Гренланд предизвика шокови.
Тој објави дека ќе воведе царина од 10 проценти за увоз во Соединетите Држави на 1 февруари, која ќе се зголеми на 25 проценти од летото доколку не се постигне договор. Не е јасно дали царините ќе бидат дополнителни на постојните давачки.
Франција и Германија, кои се дел од група од осум земји во која се и Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Холандија и Финска, изјавија дека ЕУ треба да биде подготвена да одговори доколку Трамп ги спроведе најавените мерки.
фото/ Depositphotos
Регион
Бугарскиот претседател поднесе оставка
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.
„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.
Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.
Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.
„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.
фото/епа

