Контакт

Спорт

Ренова елиминирана на пенали

Објавено пред

Вториот македонски претставник во Лигата на Европа Ренова елиминирана е доцна вечерва од северноирскиот Гленторан по изведување на пенали, откако мечот во регуларниот дел заврши 2:1, идентично како и пред една недела.

dobivaj vesti na viber

Вториот македонски претставник во Лигата на Европа Ренова елиминирана е доцна вечерва од северноирскиот Гленторан по изведување на пенали, откако мечот во регуларниот дел заврши 2:1, идентично како и пред една недела. Гленторан победи на пенали со 3:2. Играчите на двата клуба идентично ги изведуваа пеналите се до последната серија. Пеналите беа реализирани од двете страни во првата и третата серија, додека без успех беа изведувани во втората и четвртата серија. Во последната решавачка серија Хил реализираше за домаќините, додека Гафури промаши.Натпреварот во регуларниот дел заврши 2:1. Поведоа домаќините во 31 минута со голот на Кларк. Изедначи Исмаили во 59 минути, а за продолжение се избори Мареј со голот во 74 минута. /крај/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Без Мбапе сме подобри и во одбраната и во нападот“

Објавено пред

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека не жали по Килијан Мбапе, кој минатото лето како слободен играч се пресели во Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Мбапе не му помогна на ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, ќе видиме дали ќе го направи тоа во „кралскиот клуб“, но факт е дека не се раздели со „светците“ во најдобри односи.

Ниту со тренерот Луис Енрике, инаку легенда на Барселона.

„Бев многу храбар минатата сезона кога ви кажав дека ќе бидеме подобри во нападот и одбраната. Тоа постојано го кажувам и бројките го потврдуваат тоа. Сите го сакаа Килијан, но тимот реагира позитивно. Сакав повеќе играчи да постигнуваат голови. Зрелоста е многу важна работа”, изјави Енрике.

Затоа, од друга страна, тој е презадоволен од настапите на Усман Дембеле оваа сезона.

„Го познавам од Барселона, тој е многу отворен тип. Тој игра спектакуларно, статистиката покажува дека „експлодира“ оваа сеозна. Не го ограничуваме, тој мора да биде важен за тимот, да носи одлуки. Тој треба да биде лидер и мислам дека може да го направи тоа“, подвлече Луис Енрике.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Леброн најмлад и најстар играч со 40+ поени на еден натпревар

Објавено пред

Леброн Џејмс постигна 42 поени, забележа 17 скока и осум асистенции за Лос Анџелес Лејкерс во победата над Голден Стејт Вориорс со 120:112. Од денес тој е најмладиот и најстариот играч во историјата на НБА кој постигнал 40 или повеќе поени на еден натпревар.

dobivaj vesti na viber

Џејмс првпат ја мина таа граница на возраст од 19 години и 88 дена на мечот помеѓу Кливленд Кавалирс и тогашните Њу Џерси Нетс. Заврши со 41 поен, шест скока и 13 асистенции.

Во петокот тој стана и најстариот играч со 40+ поени на еден натпревар.

Единствениот кој постигнал повеќе од 40 поени по својот 40-ти роденден беше Мајкл Џордан, кој постигна 43 за Вашингтон Визардс против Нетс во 2003 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Познати се четирите екипи за Ол-стар натпреварот – Јокиќ заедно со Јанис, Шеј и Вембањама

Објавено пред

Познати се тимовите кои ќе учествуваат на Ол стар викендот во Сан Франциско (14-16.февруари). Наградниот фонд за четирите Ол-стар натпревари ќе изнесува 1,8 милиони долари, секој играч од победничкиот тим ќе заработи 125.000 долари, финалистите ќе добијат по 50.000 долари, додека за третото и четвртото место се добива по 25.000 долари.

dobivaj vesti na viber

Во тимот на Чарлс Баркли се Никола Јокиќ (Денвер), Јанис Адетокумбо (Милвоки), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома), Виктор Вембањама (Сан Антонио), Паскал Сиакам (Индијана), Алперен Шенгун (Хјустон), Карл-Ентони Таунс (Њујорк Никс) и Донован Мичел (Кливленд).

Во тимот на Шекил О’Нил се: Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс), Стеф Кари (Голден Стејт), Ентони Дејвис (Далас), Џејсон Тејтум (Бостон), Кевин Дурент (Феникс), Демијан Лилард (Милвоки), Џејмс Харден (Лос Анџелес Клиперс), Џејлен Браун (Бостон).

Во тимот на Кени Смит се: Ентони Едвардс (Минесота), Џејлен Брунсон (Њујорк Никс), Џарен Џексон Јуниор (Мемфис), Џејлен Вилијамс (Оклахома), Дариус Гарланд (Кливленд), Еван Мобли (Кливленд), Кејд Канингем (Детроит), Тајлер Хиро (Мајами).

Четвртиот тим на мини-турнирот ќе биде оној кој ќе победи на традиционалниот меч „Ѕвезди во подем“, односно мечот меѓу дебитантите во лигата и оние кои ја играат втората сезона (софомори) во НБА.

Во домот на Голден Стејт Вориорс, на 16 февруари ќе се одигра мини-турнир со четири екипи и три натпревари, две полуфиналиња и финале. Победник ќе биде оној кој прв ќе постигне или ќе надмине 40 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани...

Скопје2 часа

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија2 часа

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија3 часа

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје3 часа

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион4 часа

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа5 часа

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа6 часа

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет6 часа

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...

Македонија16 часа

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија22 часа

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија23 часа

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија23 часа

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија1 ден

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ1 ден

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија1 ден

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...

Македонија1 ден

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија1 ден

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....

Македонија1 ден

СДС и Филипче да кажат дали и колку пар ѝ плаќале на судијката што го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата...

Македонија1 ден

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на...