Свет
Авганистанците дале мито 3,9 милијарди долари во 2012-та

Половината Авганистанци платиле мито на некој функционер изминатата 2012 година што вкупно изнесува 3,9 милијарди американски долари, се наведува во извештајот на Обединетите нации објавен во четвртокот.
„Митото кои го платиле авганистанските граѓани одговора на двојниот бруто домашен производ (БДП) на Авганистан и четвртина од финансиските ветувања дадени на самитот во Токио, изјави Жан-Лук Лемаие, регионален претставника на УНДОК, бирото на Обединетите нации кое ги истражува трговиите со дроги и криминалот, кого го цитира AFP.
Корупцијата има општествени димензии во Авганистан каде 68 отсто од 6.700 испитаници сметало дека тоа е нормално функционер да прифаќа мали суми како дополнување на прениските плати, се забележува во извештајот УНДОК.
Приближно 67 отсто од анкетираните, пак, сметале дека е прифатливо во јавните служби да се вработува преку роднински или пријателски врски.
„Авганистанците знаат дека корупцијата го нагризува општественото ткиво. Решението не е само во владата, туку и пошироко, и во општеството“, дополни Лемаие.
Во јули 2012 година во јапонската престолнина Токио на конференцијата на донаторите за цивилна помош и развој во Авганистан одлучија да одобрат 16 милијарди долари за следните четири години на оваа земја под услов да постигне напредок во транспарентноста и човековите права, особено правата на жените.
Повеќе од 40 милијарди долари меѓународна цивилна помош се потрошени во Авганистан од 2001 година по доаѓањето на меѓународните сили предводени од НАТО и САД, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој.
И покрај неколку успеси, особено во здравствената сфера и во образованието, ефектите од овие средства се далеку од можните имајќи ги предвид потрошените суми./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Политико“: ЕУ го одложува воведувањето на 19 пакет санкции против Русија

Европската комисија (ЕК) нема да воведе нов пакет санкции против Русија во среда, како што се очекуваше, објавувањето е одложено на неодредено време, објавува „Политико“, повикувајќи се на европски дипломат и функционер на една од земјите на блокот.
Според нив, објавувањето на 19 пакет санкции „веќе не се очекува во среда“, а ЕК не прецизирала нови можни датуми за официјално презентирање на новите санкции, според бриселскиот портал.
„Политико“ пишува дека одложувањето е последица на поместувањето на фокусот на ЕУ од воведување нови санкции против Русија кон вршење притисок врз Словачка и Унгарија за „намалување на нивната зависност од руската нафта“, објавува Танјуг.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе строги санкции против Русија доколку сите членки на Северноатлантската алијанса дејствуваат заедно и престанат да купуваат руска нафта.
Тој истакна дека фактот што некои сојузници на НАТО континуирано увезуваат енергетски ресурси од Русија „ја ослабува преговарачката позиција на алијансата“.
Свет
Велика Британија испраќа „Tајфуни“ во Полска

Велика Британија ќе распореди ловци „Еурофајтер Тајфун“ за патролирање на полскиот воздушен простор, откако Варшава ја обвини Русија за масовни кршења на границите со беспилотни летала, објави во понеделникot британскиот премиер Кир Стармер.
Во наредните денови, овие авиони ќе им се придружат на француските „Рафали“, германските „Еурофајтер“ и данските Ф-16, како дел од операцијата на НАТО „Источен стражар“, објави британската влада. Патролите ќе полетаат од базата Конингсби во источниот дел на Англија, поддржани од танкерот „Војаџер“ за полнење гориво во воздух, а нивната задача е да ги следат наводните закани од воздухопловството од Русија, вклучително и беспилотните летала.
„Овие авиони не се само демонстрација на сила, туку и клучен фактор во одвраќањето на агресијата, обезбедувањето на воздушниот простор на НАТО и заштитата на националната безбедност, како и безбедноста на сојузниците“, рече Стармер, обвинувајќи ја Русија за неодговорно однесување на источното крило на Алијансата.
Чешката Република веќе испрати три хеликоптери во Полска, додека Шпанија, Италија и Шведска ветија дополнителна поддршка. Полската војска тврди дека најмалку 19 руски беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор на 9 септември, но Москва го негира ова. Според Ројтерс, полски воен извор вели дека беспилотните летала се користат за совладување на украинската воздушна одбрана.
Рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, минатата недела во Советот за безбедност ги оцени овие обвинувања како неосновани.
Во вторник, Русија и Белорусија ќе ја завршат заедничката воена вежба „Запад 2025“, во која учествуваат околу 13.000 војници. Москва и Минск ги отфрлаат западните тврдења дека ова е проба за инвазија, оценувајќи ги како хистерија.
Минатиот месец, Полска ги започна своите маневри „Железен бранител 25“, во кои учествуваат околу 30.000 војници, вклучувајќи ги и силите на другите членки на НАТО.
Фото: принтскрин
Свет
Рубио: Трамп е единствениот лидер кој може да разговара со Русија, Украина и Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Според американските медиуми, Рубио нагласил дека Трамп е „единствениот лидер во светот“ кој има капацитет да разговара со Украина и Европа, како и со Русија. Тој додаде дека американскиот претседател ќе продолжи со своите напори за наоѓање решение за украинскиот конфликт.
Во исто време, дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат на различни нивоа.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков претходно изјави дека двете страни ќе се обидат да организираат уште еден состанок до крајот на есента за да разговараат за отворените и спорни прашања во билатералните односи.
Фото: принтскрин