Спорт
Бекам во ПСЖ доаѓа во јануари

Англискиот фудбалер Дејвид Бекам му рекол „да“ на францускиот клуб Пари Сен-Жермен, донесуваат на насловната страница париските дневни весници Le Parisien-Aujourd’hui и l’Equipe
Англискиот фудбалер Дејвид Бекам му рекол „да“ на францускиот клуб Пари Сен-Жермен, донесуваат на насловната страница париските дневни весници Le Parisien-Aujourd’hui и l’Equipe, пишувајќи дека фудбалската ѕвезда која настапува за американскиот клуб Лос Анџелес Галакси, со ПСЖ ќе потпише договор во јануари. Le Parisien притоа пишува дека Бекам и ПСЖ веќе потпишале преддоговор според кој фудбалерот ќе добива 800 илјади евра месечно во идните 18 месеци. Меѓутоа, извори блиски на Бекам ги отфрлиле овие информации во францускиот печат како неосновани. На 36-годишниот Дејвид Бекам му истече договорот со ЛА Галакси и сека треба да се реши дали ќе ја прифати понудата на ПСЖ или ќе остане во Лос Анџелес. Тој, како што најави, сонува да настапи на олимписките игри во родниот Лондон идното лето./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Капитенот на Рома го напушта клубот

Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома би можел да го напушти кубот до крајот на преодниот рок.
„Калчомеркато“, тврди дека капитенот на „волчицата“ добил зелено светло од тренерот Џанпјеро Гасперини за трансферот.
Милан, Интер и Наполи се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер. Според обложувалниците најголем фаворит за потписот на Пелегрини е Милан.
Пелегрини е дете на Рома. Тој е во клубот од почетокот на својата кариера.
Досега, на 316 натпревари за првиот тим на Рома, постигна 55 голови и забележа 59 асистенции.
Фото/ Принскрин
Спорт
Дијаз во Баерн за пет пати поголема плата

Колумбискиот напаѓач Луис Дијаз официјално ќе го засили Баерн во наредните денови.
Дијаз во текот на денот ќе слета во Минхен, каде што ќе се сретне со челниците на клубот, а медицинските прегледи се планирани за вторник. Потоа ќе следи официјализирање на трансферот вреден 75.000.000 евра со бонуси.
Дел од германските медиуми, во меѓувреме го објавија и финансискиот дел од договорот. Дијаз ќе има годишна плата од 14.000.000 евра, што е речиси пет пати повеќе од она што го имаше во Ливерпул. Таму заработуваше 2.700.000 по сезона.
Популарниот Лучо постигна 41 гол и асистираше уште 23 пати во 148 натпревари.
Фото/ Принскрин
Спорт
Гвардиола: Барселона? Таа приказна е завршена

Пеп Гвардиола импресивната тренерска кариера ја започна во Барселона. Најпрвин како тренер на Б тимот, а потоа го презеде првиот тим. Три години неговата Барселона доминираше во Европа.
Гвардиола ја напушти Барселона во 2012 година, се пресели во Баерн, а потоа во Манчестер сити.
Изминатите години често го прашуваа дали некогаш ќе се врати на „Ноу Камп“.
„Таа приказна е завршена. Засекогаш е ставен крај. Беше прекрасно, но заврши и нема да се случи повторно“, рече Гвардиола.
Исто така, покрај враќањето во Барселона, искусниот Шпанец зборуваше и за Ламин Јамал и споредбите на младата ѕвезда со Лионел Меси.
„Треба да го оставиме Ламин Јамал да си го гради својот пат и само кога ќе игра 15 години тогаш ќе можеме да кажеме дали е подобар од Меси или не“, рече Гвардиола и дополни.
„Фактот дека веќе го споредуваат со Меси е голема работа. Но, тоа е како да споредувате сликар кој штотуку почнува со Ван Гог.“
Foto/ EPA