Економија
ЕЦБ предупреди на јакнењето на ризиците за стопанството на еврозоната

Првиот човек на Европската централна банка (ECB) во четвртокот сигнализираше подготвеност за преземање нови акции со цел да се поддржи стопанството во еврозоната, тврдејќи дека ризиците се зголемиле и дека ECB е свесна за растечките проблеми на банките.
Првиот човек на Европската централна банка (ECB) во четвртокот сигнализираше подготвеност за преземање нови акции со цел да се поддржи стопанството во еврозоната, тврдејќи дека ризиците се зголемиле и дека ECB е свесна за растечките проблеми на банките.Истакнувајќи ги потезите коишто во средата ги преземаа Европската централна банка (ECB), Американската централна банка (Fed), британската централна банка Bank of England (BoE) и централните банки на Канада, Јапонија и Швајцарија се договориле за половина процентен поен ќе ја намалат цената на повремените доларски заеми за банките, Марио Драги пред пратениците во Европскиот парламент им порача дека банката ќе се погрижи инфлацијата да не биде под посакуваното ниво но ниту над него.Пазарите, сепак, таквите изјави, како и предупредувањата за растечките ризици за намалување на стопанските прогнози, ги протолкува како втор по ред сигнал за намалување на клучните каматни стапки по подолг период, на состанокот на ECB што треба да се одржи идната седмица. Па еврото се спушти на најниското ниво при денешното тргување.„Монетарната политика на ECB константно се раководи со цел да се зачува ценовната стабилност во еврозоната во среднорочниот период, што се однесува на стабилност ана цените во двете насоки. Ризиците на слабеењето на стопанските прогнози се зголемени“, изјави Драги.Тој истакна дека тоа што го кажува во периодот пред скорешниот состанок на ECB и дека ништо од она што го рече не би смеело да биде протолкувано како идни мерки на политиките на централната банка. Повеќето аналитичари неговите изјави го протолкуваа како зголемување на изгледите за натамошно намалување на каматните стапки на состанокот кој треба д асе одржи на 8-ми декември, околу што и самите тие се поделени. „Тие коментари навистина ги зголемуваат изгледите за намалување на каматните стапки. Идната седмица ќе ги добиеме прогнозите на ECB коишто сигурно ќе покажат значително намалување на прогнозите за растот и стапката на инфлацијата. Сетот тоа ќе доведе до очекуваното намалување на стапките и продолжување на примената на невообичаените мерки. Пазарите ќе бидат фрустрирани доколку тоа не го добијат идната седмица“, толкува за Reuters Џереми Стретч, валутен стратег во „CIBC World Markets“. Имајќи предвид дека според зборовите на еден висок функционер на европските политичари им претстојат клучните десет денови за спасот на еврото, Драги апелираше на „сеопфатно продлабочување“ на фискалната поврзаност. „Според мене, на нашата стопанска и монетарна унија и’ е потребен нов фискален пакт – фундаментално преформулирање на фискалните прописи, заедно со взаемните фискални обврски коишто ги преземаа владите од еврозоната. Би можеле да нé прашаат дали новиот фискален пакт ќе биде доволен за да се стабилизираат пазарите и како убедливата долгорочна визија ќе може да помогне во кус рок. Нашиот одговор гласи дека тоа е апсолутно најважниот елемент зад а се започне со враќањето ан довербата“, порача Драги. Германија и Франција ветија дека ќе подготват предлози за поголема финансиска интеграција за самитот на Европската унија кој ќе се одржи на 9-ти декември, еден ден по заседавањето на Европската централна банка./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.