Скопје
КАФ моделот официјално во Општина Ѓорче Петров

Меморандум за соработка помеѓу Општина Ѓорче Петров и ОБСЕ беше потпишан во петок во културниот центар на оваа скопска општина.
Со потпишувањето на Меморандумот официјално се потврди дека општина Ѓорче Петров е избрана да биде дел од проектот за поддршка на државните институции во имплементација на КАФ моделот.
За обврските и активностите кои произлегуваат од овој проект беше одржана презентација од страна на претставници од Агенцијата за администрација и од ОБСЕ.
Според проектните цели предвидено е спроведување на три компоненти за градење капацитети во општината:воведување на инструментот заедничка рамка за проценка во насока на имплементација на систем за управување со квалитет и испорака на поквалитетни услуги за граѓаните, промовирање на превентивна анти-корупциска политика во општината и градење на капацитети на членовите на Советот на општината во делот на децентрализација и планирање со учество на граѓаните. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски изврши увид во училиштето Димитар Миладинов: Целосно ги реконструираме фискултурната и свечената сала

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи увид во реконструкцијата што се одвива во ООУ „Димитар Миладинов“, каде во тек е целосно обновување на фискултурната сала, свечената сала и меѓупросторот меѓу нив.
Во фискултурната сала се заменува целиот под со нов паркет, се обновуваат ѕидовите и плафонот, се поставуваат енергетски ефикасни светла и се оспособуваат прозорците, додека свечената сала добива целосно нова бина, нови скалила, обновен паркет и подобрени услови за користење, извести Општината.
„Подобрувањето на училиштата останува еден од нашите клучни приоритети. Со реконструкцијата во училиштето „Димитар Миладинов” создаваме современи, безбедни и инспиративни простори во кои децата ќе можат да учат, да спортуваат и да се развиваат. Инвестицијата во нивното образование и здрав развој е инвестиција во иднината на Центар“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Реконструкцијата на Свечената сала, предвидува целосно нова бина и нови скалила, а постоечкиот паркет се струга и лакира. Во тек се молерисувањето на ѕидовите, замената на плафонските светла со штедливи, оспособувањето на прозорците за отворање и отстранување на стара остава со непотребен материјал.
Паралелно, се работи и на меѓупросторот, каде се заменува оштетениот под и се изведуваат молерисувачки зафати, се додава во соопштението од Општината.
Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)