Свет
Најмалку 19 мртви во судири меѓу исламистите на Филипини
Шест цивили, меѓу кои и 4-годишно дете, загинаа а речиси седум илјади луѓе се принудени да ги напуштат своите домови заради судирите во јужниот дел на Филипини
Во овој дел од земјата се водат борби меѓу борци на две ривалски екстремистички групи – Фронтот на исламското ослободување Моро (FIOM) и Националниот ослободителен фронт Моро (MNLF), пишува итнернет изданието на весникот Philippine Daily Inquirer.Претходно беше известено за загинувањето на 13 лица, главно од двете милитанти групи. „Цивилите во областа известија за шест нови жртви во неделата“, изјави во понеделникот началникот на локалната полиција Џозеф Сеиљано. На 6-ти јануари избија повторните судири меѓу двете фракции кои се борат за влијанието врз муслиманските жителите на јужниот дел од Филипините, кој сега се претвори во крвав судир поради спорот за земја во провинцијата Северен Котабато. До денес, судирите ги добија сите карактеристики на вооружени судири, во кои учествуваат повеќе од илјада милитани. „Веќе извесно време беа тивки, но од неодамна повторно почнаа со меѓусебните престрелки, изјавил началникот Семиљано. Во изминатиот период од повеќе од 40 години во јужниот дел на Филипините се водат крвави судири меѓу владините трупи и муслиманските бунтовници во кои загинаа повеќе од 150 илјади луѓе а два милиона останаа без своите домови. До пред извесно време движечка сила на исламистичкиот бунт беше Националниот ослободителен фронт Моро (MNLF). Но во 1996 г., Фронтот кој ги претставуваше интересите на радикално настроените муслимански Филипинци потпиша мировен договор со владата, во замена за зголемена автономија, особено на муслиманската област на јужниот остров Минданао. Во 2001 г., кога официјална Манила не се согласи со барањето на лидер на Фронтот, Нур Мисуари за продолжување по вторпат на неговиот мандат како окружен гувернер, беше организран бунт против централната влада, кој брзо беше задушен. Самиот Мисуари пребега во Малезија, од каде беше екстрадиран во Филипини. Од 2002 г., водачот на MNLF е во затвор , но тој останува влијателна фигура меѓу муслиманите во светот. Организацијата на исламската конференција (ОИК) ја признава легитимноста на Фронтот, кој се уште контролира големи подрачја во јужниот дел на земјата, како единствен легитимен претставник на муслиманското малцинство во Филипини. Меѓутоа, моментално најголемата вистинска сила во јужниот дел на Филипините е FIOM, која започна да дејствува од 1978 г. кога од MNLF се оддели група бунтовници кои не се согласуваа со активностите на Мисуари. Во последните години Фронтот, во чии редови се проценува дека има до 11 илјади борци (според самиот Фронт таа бројка изнесува 15 илјади), кои се тешко вооружени, изјави дека се откажува од терористичките методи на борба, и покажа подготвеност да им помогне на властите да се справат со сокриените странски терористи и води преговори со официјална Манила. Сепак, нивниот нов курс помалку застрани од август 2008 г., поради несогласувања околу прашањето за „наследството на предците“, односно правата на околу три милиона филипински муслимани врз приходите од природните ресурси за развој во областите коишто традиционално ги населуваат. Последица на тоа беше ново влошување на ситуацијата на југот. Во овој конфликт загинаа повеќе илјади Филипинци, а 750 илјади станаа бегалци. Филипинската претседателка Бенигно Акино којашто на фунцкијата дојде во средината на минатата година, за време на изборната кампања вети дека ќе ги продолжи разговорите со екстремистите од двете исламскистички фракции, како и со маоистичките бунтовници. Минатата седмица нејзината администрација ги заврши прелиминарните разговори со FIOM. Се очекува дека завршните преговори ќе започнат оваа среда во Малезија. Филипините се една од двете азиски држави (заедно со малиот Источен Тимор) со претежно католичко население, но во јужниот дел на „земјата на седумте илјади острови“ муслиманите се мнозинство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ тврди дека Лавров и Путин не се во конфликт
Кремљ ги отфрли извештаите дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ја изгубил наклонетоста кај претседателот Владимир Путин по неуспешниот обид да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец. Лавров, ветеран дипломат и министер од 2004 година, разговараше на телефон со својот американски колега Марко Рубио на 20 октомври за да разговара за потенцијална средба меѓу двајцата претседатели во Будимпешта за мировни преговори во Украина.
Официјалните изјави од двете страни по повикот не сугерираа дека поминало лошо, но Трамп еден ден подоцна објави дека не сака да ја одржи средбата бидејќи тоа би било губење време. Подоцна рече дека ја откажал бидејќи не се чувствувал добро, според агенциите.
Отсуството на Лавров од клучниот состанок на рускиот совет за безбедност минатата недела и одлуката на Путин да го испрати својот заменик-шеф на кабинетот на самитот на Г20 подоцна овој месец наместо министерот ги поттикнаа шпекулациите дека Путин му е лут. Запрашан во петокот за веродостојноста на шпекулациите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли.
„Ќе ви дадам краток одговор: нема ништо вистина во овие извештаи“.
На прашањето дали Лавров ќе остане на својата функција, портпаролот додаде: „Апсолутно. Лавров е министер за надворешни работи, секако“. Објавите за расправијата меѓу двајцата политичари беа поттикнати и од некои анонимни руски канали на „Телеграм“, како и од медиумите кои се критични кон Кремљ.
Фото: принтскрин
Свет
Велика Британија ги укина санкциите против сирискиот претседател и министерот за внатрешни работи
Велика Британија денес ги укина санкциите против сирискиот претседател Ахмад ал-Шарија, објави Ројтерс.
Советот за безбедност на ОН го стори истото пред средбата на Ал Шари со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот.
Во истото соопштение, британските власти изјавија дека ги укинале и санкциите против сирискиот министер за внатрешни работи, Анас Хатаб.
И двајцата претходно беа под финансиски санкции насочени против Исламска држава и Ал Каеда.
Фото: принтскрин
Регион
„Дали има само еден претседател Вучиќ, интервјуата се чини дека ги даваат сосема различни луѓе“, вели Захарова
Официјалната портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека Москва постојано добивала уверенија од српското раководство дека извозот на муниција е под строга контрола и дека оружје од српско производство нема да биде испорачано во Украина.
„Москва постојано добивала уверенија од раководството на Србија дека извозот на муниција од српско производство е под строг надзор и дека оваа стока нема да биде испорачана во Украина, со цел да се спречи Киев да ја користи против нашите војници“, рече Захарова на редовниот брифинг, коментирајќи ги изјавите на претседателот Александар Вучиќ во интервју за германско списание за подготвеноста на Србија да продава муниција на Европската Унија.
Зборувајќи за изјавите на српскиот претседател, Захарова додаде:
„Знаете, кога ги читам сите тие интервјуа на претседателот на Србија, се прашувам дали навистина постои само еден претседател Вучиќ, бидејќи се добива впечаток дека овие интервјуа ги даваат сосема различни луѓе. Слушаме одредени изјави кога е во Москва, а сосема различни кога зборува од други географски точки. Зборувам само за она што е во јавната сфера. Можеби медиумите погрешно известиле нешто, но во тој случај треба да има објаснување од прес-службата на претседателот“, истакна Захарова, објавија руските државни агенции.
Таа потсети дека руската страна на највисоко ниво постојано слушала гаранции од Белград за почитување на неутралноста и контрола на извозот на оружје:
„Искрено кажано, неколку пати, и на највисоко ниво, добивме изјави од српското раководство дека извозот на српска муниција е строго контролиран и дека оваа стока нема да заврши во Украина, со цел да се спречи нејзина употреба против нашите војници“, нагласи портпаролката на руското МНР.
Таа, исто така, потсети дека „руските војници постојано му приоѓале на помош на братскиот српски народ“.
„Одбивам дури и да ја разгледам не само можноста, туку и самата помисла дека руските војници, кои историски ги дале своите срца – во секоја смисла на зборот, давајќи ги своите животи или изразувајќи љубов и лојалност кон своите српски браќа – би можеле да бидат погодени или убиени од српско оружје, муниција и гранати“, заклучи Захарова, објави РИА Новости.
Претходно, Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) објави дека Белград наводно испратил муниција во Киев, и покрај својата прогласена неутрална позиција. После тоа, Вучиќ изјави дека „сите спорни испораки ќе бидат откажани доколку има сомнежи во врска со документацијата или крајниот корисник“. На 23 јуни, тој објави дека Србија го суспендирала извозот на муниција и дека ќе бидат потребни посебни одлуки за секоја идна пратка во странство, пренесуваат медиумите во регионот.

