Свет
Глобалната епидемија на СИДА се намалува
Околу 33,3 милиони луѓе на светот го имаат вирусот ХИВ, кој е причинител на СИДА-та, но растот на бројот на заболени е забавен, па дури и се намалува, се вели во извештајот на ОН, објавен денеска.Според извештајот на Здружената програма на ОН за ХИВ/СИДА (УНАИДС), вкупниот број на луѓе заразени со ХИВ во 2009 година е во благо опаѓање во споредба со претходната година (33,4 милиони инфицирани во 2008 година), а најмалку 56 држави или ја стабилизирале бројката на заразени или постигнале значителни намалувања во бројката на заразени.Сепак, додека повеќе од милиони луѓе кои имаат потреба од лековите за СИДА успеваат да стигнат до нив, околу две третини од 15-те милиони заразени во посиромашните земји немаат пристап до овие лекови. Маргинализираните групи, како наркоманите и оние кои работат во секс индустријата имаат помалку шанси да добијат лекови, отколку другите, се вели во извештајот. „За првпат можеме да кажеме дека ја прекинавме траекторијата на епидемијата на СИД. Ја сопревме и почнавме да ја враќаме надолу. Помалку луѓе се заразуваат со ХИВ и помалку луѓе умираат од СИДА“, изјави директорот на УНАИДС, Мишел Сидибе.Од почетокот на епидемијата во 1980-те години, повеќе од 60 милиони луѓе се заразија од вирусот ХИВ, а речиси 30 милиони луѓе умреа од болести поврзани со овој вирус. „Вирусот на хумана имунодефициенција“ може да се контролира со коктели од лекови, но не постои директен лек за самиот вирус. Извештајот на УНАИДС открива дека новите заразувања со ХИВ се намалени за речиси 20 проценти во последниве 10 години, а меѓу младите луѓе во 15-те најзафатени земји со овој вирус, стапките на инфицираност се намалени за повеќе од 25 проценти, поради тоа што младите го прифатија побезбедното практикување на сексот. /крај/ројтерс/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

