Спорт
Никола Легротаље: Младите играчи немаат почит
Одбранбениот играч на Јувентус ги критикуваше своите помлади колеги
На прес-конференцијата во пресрет на квалификационите натпревар на Италија против Ирска, дефанзивецот на Јувентус и на италијанската репрезентација ги критикуваше своите помлади колеги во однос на почитта што ја имаат кон постарите играчи. „Гледам многу млади играчи кои не ги извршуваат задачите од тренерите. Нив им недостига почит кон тренерите и кон играчите. Но, тоа што најмногу ме мачи е што тоа се сфаќа како позитивна работа. Тоа се преведува како имање карактер кај младиот играч. Кога јас бев млад фудбалер, им ги носев торбите на поискусните играчи.Фудбалерот на кој треба сите надежни играчи да се угледуваат е Алесандро Дел Пиеро. Тој е идолот кој треба да го следат. Низ целата негова кариера никогаш немал проблеми со неговиот карактер или со темпераментот.Легротаље исто така изјави дека се радува што ќе го види поранешниот тренер Џовани Трапатони кој сега е тренер на ирската репрезентација. Дефанзивецот на Јувентус изјави за својот поранешен ментор: „Убаво е да се види Џовани повторно. Тој беше првиот тренер кој веруваше во мене и кој ме повика да играм“.Италијанската репрезентација во сабота ја очекува натпреварот против Ирска, а за да обезбеди пласман на Светскиот куп во 2010 доволен ќе и биде и нерешен резултат во Даблин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

