Спорт
Мајами победи во дербито на Флорида
Осум натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, во нив шест победи забележаа екипите кои играа на домашен терен.
Осум натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, во нив шест победи забележаа екипите кои играа на домашен терен. Мајами, во дербито на Флорида. го победи Орландо со 91:81. Двејн Вејд, постигна 14 поени во последната четвртина, мечот го заврши со 31 поен, 6 скока и 4 асистенции. Леброн Џејмс го одигра најлошиот натпревар сезонава, постигнувајќи само 14 поени со шут од поле 4-14. Двајт Хауард со 18 поени и 11 скока и Квентин Ричардсон со 15 поени беа најефикасни во редовите на Орландо. ЛА Клиперси, во драматичен меч, по продолжението, забележаа победа над Детроит од 87:84. Крис Пол постигна 19 поени, од кои девет уфрли во дополнителните пет минути, плејмејкерот на Клиперс во својата статистика додаде уште 15 асистенции и 9 скока. Сигурна победа запиша лидерот во Западната конференција, Оклахома. Тандерс го совладаа Портланд со 111:95, благодарение на Расел Вестбрук (28 поени, 5 асистенции) и Кевин Дурент (26 поени, 7 скока и 6 асистенции). Јута, спротивно на сите прогнози, на гостински терен ги победи Лејкерси 103:99. Ендрју Бајнам одигра еден од своите најдобри натпревари сезонава, центарот на Лејкерси имаше дабл-дабл ефект од 33 поени и 11 скокови. За разлика од Бајнам, катастрофална шутерска вечер имаше првата звезда на тимот Коби Брајант, кој постигна 15 поени, но од поле шутираше 3-15. Пол Милсап со 24 поени и 9 скока ги предводеше џезерите до победата. Резултати:Кливленд-Атланта 87:103Мамфис-Вашингтон 97:92Сакраменто-Минесота 111:99Феникс-Хјустон 99:86. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

