Контакт

Надворешна политика

Македонската делегација позитивно го оценува извештајот на ПССЕ, Николоски задоволен од употребата на „Македонски“

Објавено пред

Македонската парламентарна делегација при Парламентарното Собраните на Советот на Европа во Стразбур во четвртокот попладне учествува во расправата што се води за извештајот од постмониторинг дијалогот на ПССЕ со нашата земја, изработен од британскиот парламентарец Роберт Валтер.

dobivaj vesti na viber

Сите членови на македонската парламентарна делегацијата, Александар Николоски, Игор Ивановски, Ермира Мехмети – Деваја и Александар Спасеновски, очекуваат извештајот и препораката да бидат усвоени. За извештајот е поднесен еден амандман, а се очекува најверојато уште еден што ќе биде претставен усно за време на дебатата.

„Имаме навистина еден позитивен извештај, кој што реално ги отсликува состојбите во Република Македонија и тој дава комплетна слика за неа“, изјави за МИА шефот на македонската делегација, Александар Николоски.

Извештајот, според него, се однесува и на нашите соседи.

„Во пресрет на утрешната одлука, што треба да ја донесе ЕУ дали да почнеме преговори или не и се поизвесното петто грчко вето за почеток на преговори за членство во ЕУ, многу сум задоволен што во точката два од извештајот јасно стои дека Грција го блокира членството на Македонија во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ и не ја почитува одлуката на Европскиот суд на правдата за да не се блокираат евроинтегративните процеси. Исто така се бара Грција да има пофлексибилен приод кон ова прашање“, рече Николовски.

Шефот на македонската делегација посебно е задоволен што во целиот текст на извештајот се користи термиот Македонија и придавката македонски.

„Тоа значи дека имаме една исклучително позитивен документ. Тоа би сакал да го поздравам исто како и храброста на известувачот. Истоврмено тој во документот го констатира и напредокот кој Република Македонија го постигнала во различни сектори: владеењето на правото, борбата против корупцијата меѓуетничките односи итн. А нотирани се и слабостите кои во иднина треба да се поправат“, посочува Николоски.

Инаку во говорот, Николоски споменува дека му претставува задоволство како „шеф на македонската делегација да го поддржам извештајот за пост-мониторинг дијалогот со Македонија. Мислам дека извештајот е одраз на реалната состојба во земјата, во регионот, односите во земјата и со нашите соседи. Тоа е причината зошто сакам да му честитам на репортерот Роберт Валтер за неговиот извештај и се надевам дека ние ќе работиме заедно и во блиска иднина тој ќе презентира извештај со предлог за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија“.

Тој смета дека овај извештај треба да е добар патоказ како да се однесуваат и ЕУ и европските иснтитуции и како да се однесува Грција.

Игор Ивановски, член во делегацијата од редовите на опозициската СДСМ, исто така очекува да биде усвоен извештајот и препораката на Роберт Волтер.

„Во него се нотирани голем број сериозни забелешки и критики за голем број области во Република Македонија. Македонија останува и натаму под мониторинг на Советот на Европа, а Советот на Европа ќе го зголеми своето присуство пеку отворање на канцеларија во Скопје што ќе треба да и’ помогне на државата, токму во промената на голем број забелешки и проблеми во областите битни за граѓаните“, нагласува Ивановски во изјавата за МИА.

Се ПССЕ очекува да предложи отворање на канцеларија на Советот на Европа во Република Македонија.

Следува интегралниот текст од подготвениот говор на Александар Николоски во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„… Јас го поддржувам извештај поради тоа што јасно се кажува: “Собранието смета дека напорите на македонски власти да обезбедат спроведување на Охридскиот рамковен договор од 2001, да се продолжат реформите во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото, и да се продолжи со агендата за европската интеграција треба да бидат целосно поддржан од страна на Советот на Европа и нејзините земји-членки.

Јас го поддржувам извештајот, исто така, бидејќи во извештајот се вели дека сериозни реформи се прават во насока на зајакнување на владеењето на правото, се имплементира вработување заснована на заслуги во јавната администрација, постои силна борбата против корупцијата, се имплементираше декриминализација на клеветата, со спроведувањето на Охридскиот рамковен договор се подобруваат односи меѓу сите етнички заедници во Македонија.

Јас исто така би сакал да ја поздравам идејата на известувачот на зајакнато присуството на Советот на Европа во Македонија, и сакам да замолам ниедна страна нити политичка сила да не ја злоупотреби оваа идеја. Ова не значи дека Македонија оди чекор назад или нешто слично, напротив тоа значи зголемување соработка која треба да доведе до затворање на пост-мониторинг дијалогот….

…. Македонија во овие 22 години независност се соочува со големи предизици во односот со нашиот сосед Грција. Како што добро знаете Грција стави вето на членство на Македонија во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, барајќи од земјата да го смени името и именувањето на идентитетот на мнозинскиот народ кој живее во земјата. Не постои вториот пример во светската историја сосед да побара од својот сосед да го промени името на својата држава и народ, тоа е основното право на самоидентификација. Грција прави тоа! Грција се уште го практикува одамна напуштеното кредо дека: “силните го направи она што тие сакаат, а послабите она што мораат“. Спротивно на ова, ние сметаме дека во Европа треба да бидеме пријатели и да соработуваме. Два милиони луѓе во Македонија сакаат земјата да е член во НАТО и ЕУ, но Грција се спротиставува на тоа и го блокира. Тоа е зошто го поздравувам и давам поддршка на јасениот пристап на репортерот Роберт Валтер за користење на “Македонија“ и “македонски“ во извештајот, при тоа јасно велејќи во став 2 од Извештајот за Македонија дека: “Собранието жали што прашањето за името продолжува да го одложува отворањето на пристапните преговори со Европската унија, иако за тоа има препорака од страна на Европската комисија од 2009 година секоја година, како и обидот на Македонија да се приклучат на Северно-атлантската договорна организација (НАТО), и покрај пресудата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) од 5 декември 2011 година. Собранието се надева дека Грција ќе има и примени пофлексибилен пристап кон ова прашање.

Знам дека многу од Вас тука ја поддржувате нашата борба за самоидентификација. Ве повикувам, одете во вашите Парламенти зборувајте за Македонија и Македонците, кажете им на вашите пратеници што се Грција прави. Затоа што ако се направи правило на овој грчки пристап утре Вашата земја може да биде следната. Ако со вето Грција ја уценува Македонија, утре со истиот пристап може да биде уценета Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Полска, Русија, Украина, Романија, Србија, Бугарија, Турција, Азербеџан или било која друга земја. Драги грчки пријатели знаеме дека утре на самитот на ЕУ ќе ставите повторно вето на отворање на преговорите на ЕУ со Македонија, тоа ќе биде петто вето, од 2009 година кога Европската комисија првпат предложи отварање преговори. Но, не правете грешка, Македонија ќе преживее и ќе продолжи да оди напред, Македонците исто така, и ние ќе продолжиме со нашите реформи, нашите луѓе да живеат подобро и да бидат посреќни. И не правете грешка, ние ќе го исполниме сонот на нашите предци и основачи на македонската држава кои се бореа за слобода, а тоа е Македонија демократска, слободна, дел од европскиот и евро-атлантскиот свет“./крај/

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија4 часа

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија5 часа

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија6 часа

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ6 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија7 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија8 часа

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет10 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет10 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет11 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет11 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет12 часа

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија22 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет22 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија24 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија1 ден

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ1 ден

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија1 ден

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...