Македонија
Мирен протест за поддршка на А1

Вработените во А1 телевизија, граѓани и дел од опозициските партии вечерва се собраа на мирен протст на плоштадот „Пела“ во Скопје за како што велат во одбрана на независноста на медиумите и за упадот во медиумите А1, „Шпиц“, „Време“ и „Коха е Ре“.
На присутните им се обрати сопственикот на телевизијата, Велија Рамковски.
„Во врска со парите што ги манифестираат тие, тоа се парите што ми ги платиле во кеш ВМРО – ДПМНЕ за реклами, тие се имаат рекламирано за повеќе од четири милииони евра на А1 телевизија. Нема повеќе од сто илјади легално платени, што во кеш, што од буџетот. Груевски краде од касата заради што и тргнал да ја руши телевизјата и дневните весници „Шпиц“, „Време’“ и „Коха е Ре“, меѓутоа за такво нешто нема шанси, побрзо ќе падне тој, отколку демократијата во Македонија“, рече Рамковски.
Главниот и одговорен уредник на А1 телевија, Младен Чадиковски, се заблагодари на поддршката и рече дека е очигледно дека македонската демократија има шанси за успех.
„Гледам дека македонското новинарство нема да згасне. Ние ќе продолжиме со нашата битка, рече Чадиковски пред насобраните.
Главниот и одговорен уредник на „Шпиц“ најави дека од понеделник дневните весници ќе продолжат со печатење.На присутните им се обрати и лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, а имаше и претставници од СДСМ и Либералнодемократската партија.
Завчера новинарите од националната телевизја А1 објавија дека има полициски упад во медиумот како и дека не можат слободно да се движат и да си ги извршуваат своите професионални обврски. МВР пак, соопшти дека телевизијата воопшто не била предмет на нивната истрага и дека се вршела финансиска контрола над шест фирми што се регистрирани на иста адреса каде што е лоцирана и телевизијата, „Перо Наков“ ББ.
Еден час по започнувањето на протестот улицата во близина на плоштадот „Пела“ која беше блокирана веќе е расчистена./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
УХМР: Денес температури до 36 степени и ветер кој на места ќе дува и со над 70 километри на час

Управата за хидрометеоролшки работи за денес прогнозира сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој локално може да достигне и над 70 километри на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
Македонија
Од следната недела забрана за камиони над 15 тона на државните патишта за време на викенди и во денови со екстремно високи температури

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури,извести Авто-мото сојузот на Македонја (АМСМ).
Збраната ќе важи во термините:
петок од 17:00 – 22:00 часот,
сабота од 09:00 до 18:00 часот и
недела од 09:00 до 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со Јавното претпријатие за државни патишта.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
петок од 15:00 – 22:00 часот,
сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот.
Од АМСМ велат дека овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.
И ова ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.
Македонија
Јанев на заокружување на обуката „Истрага на местото на настанот“, насочена кон унапредување на истражните капацитети на полициските сили

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев присуствуваше на свеченоста за доделување на дипломите, што се одржа во Центарот за обука на полицијата во Идризово, заедно со помошник министерот за внатрешни работи и началник на Центарот за обука, Влатко Митковски, како и со амбасадорот на Италија во нашата земја, Н.Е. Паоло Палминтери.
Обуката беше реализирана од Вишиот институт за истражни техники на карабинерите на Италија, со организациска поддршка од Италијанската амбасада во Скопје.
Учесниците на курсот имаа можност да стекнат напредни знаења и практични вештини за истражување на место на настан, притоа следејќи современи европски и меѓународни стандарди.
“Посебна благодарност упатувам до италијанските експерти за нивниот професионален ангажман и пренесеното знаење и сакам да истакнам дека како институција, особено ја цениме оваа соработка што претставува значаен чекор кон унапредување на капацитетите на нашата полиција и поддршка на владеењето на правото”, истакна директорот Јанев, додавајќи дека ова е уште еден показател за успешната и стратешки ориентирана билатерална соработка со Италија во областа на безбедноста и претставува дел од заедничките напори за градење побезбедно и посилно општество.