Свет
Илјадници сидикалци демонстрираат во Истанбул
Илјадници членови на турските синдикати денеска демонстрираат на истанбулскиот плоштад Таксим, за прв пат по повеќе од 30 години по погубувањето на на десетици лица за време на првомајските демонстрации на тоа место.
Илјадници членови на турските синдикати денеска демонстрираат на истанбулскиот плоштад Таксим, за прв пат по повеќе од 30 години по погубувањето на на десетици лица за време на првомајските демонстрации на тоа место.
На патиштата кон плоштадот и на самиот плоштад од утрово се наоѓаат и илјадници полицајци.
Владата оваа година го прифати барањето на синдикатите и им дозволи прослава на Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, на плоштадот Таксим прв пат од 1977 госина, кога 36 лица загинаа во паничното бегство на масата, предизвикана од пукања.
Предизвикувачите на оваа несреќа не се пронајдени, што придонесе за нестабилност и теории на заговор пред воениот удар во 1980 година.
Бидејќи под притисок на синдикатите, 1 мај го прогласи за државен празник, Владата минатата година прв пат дозволи ограничен број на сидикалци да одржат комеморативен собир на плоштадот Таксим./крај/бт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гладот се шири во Судан, 10 области загрозени до мај
Акутниот глад во Судан се прошири во пет области и најверојатно ќе се прошири на уште пет до мај, бидејќи завојуваните страни продолжуваат да ја попречуваат хуманитарната помош потребна за ублажување на една од најтешките кризи на глад во модерното време, соопшти денеска глобалниот комитет за преглед на глад (ИПЦ).
Комитетот идентификуваше уште 17 области низ Судан во опасност од глад.
ИПЦ проценува дека околу 24,6 милиони луѓе, околу половина од Суданците, имаат итна потреба од помош во храна до февруари, што е нагло зголемување од првично проектираните 21,1 милиони во јуни за истиот период.
Свет
Украина доби милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светската банка
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, а траншата се одвиваше под гаранции на владите на овие земји во рамките на програмата DPL на Светската банка, соопшти денеска премиерот на Украина, Денис Шмихал.
„Собраните средства ќе бидат искористени за зајакнување на нашата економија и финансирање на приоритетните расходи во социјалната и хуманитарната сфера“, рече Шмихал во објавата на „Телеграм“.
Тој им се заблагодари на Светската банка и на владите на Јапонија и Велика Британија за силната поддршка на Украина и нивниот придонес во зајакнувањето на стабилноста на Украина, пренесува „Укринформ“.
Свет
Ајфеловата кула евакуирана по дојава за пожар
Ајфеловата кула е евакуирана по дојава за пожар, јавија француските медиуми.
Изјавија дека пожарот бил забележан во еден од лифтовите на париската знаменитост и дека луѓето се евакуирани поради сопствена безбедност додавајќи дека пожарот во меѓувреме е изгаснат.
Францускиот новинар Жулиен Телие, кој работи за Boulevard Voltaire, на социјалните мрежи напиша дека пожарот бил забележан во лифтот на Ајфеловата кула помеѓу првиот и вториот кат.
Тој додаде дека речиси 1.200 луѓе биле евакуирани од локацијата и тврди дека полициски извор му рекол оти прегревање на кабелот е причина за пожарот.
Телиер потоа пренесе дека пожарот е ставен под контрола и изгаснат.