Свет
Експлозија во руски магацин со 100 илјади тони муниција
Околу 100 илјади тони муниција имало во магацинот во Башкорија на југ од Урал, кој во четврток бил зафатен од пожар, јави руската агенција Интерфакс.
Околу 100 илјади тони муниција имало во магацинот во Башкорија на југ од Урал, кој во четврток бил зафатен од пожар, јави руската агенција Интерфакс.Во експлозијата нема не жртви и настрадани нема во експлозиите и пожарот во магацинот 99 во Башкортостан, изјавил за РИА Новости, портпаролот на руското министерство за одбрана, полковникот Игор Конашенков Според него, командата на воената единица извршила проверка на целиот воен персонал и цивилен персонал ангажиран во магацинот. Сите воени лица и цивили кои се нашле на територијата на воениот полигон биле евакуирани. Станува збор за неколку илјади луѓеПожарот на отворениот склад за муниција во реонот на местото Урман во Ингискиот регион од републиката се’ уште не е локализиран. Според првичните информации експлодирале 120-милиметарски гранати.„Во магацинот имало околу три илјади вагони муниција, односно повеќе од 100 илјади тони. По експлозијата, парчиња од муницијата летала на оддалеченост од само три километри, но експлозии ќе има и во наредните неколку дена“, изјавил соговорник на Интерфакс од комисијата формирана веднаш за расветлување на инцидентот.Руското државно обвинителство потврди дека во експлозијата нема настрадани а инцидентот го припишува на случаен пожар во магацинот. Поради застарената инфраструктура и непочитување на безбедносните правила, во Русија секоја година се случуваат неколку слични инциденти./крај/рн/иф/сн,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лекот за третман на рак веќе почна да се користи во болниците во Русија
Рускиот лек „Ракурс 223Ра“ за третман на рак веќе се појави во болниците, објави денес Руската федерална медицинска и биолошка агенција.
Како што е наведено, лекот веќе е регистриран и одобрен за употреба во клиничката онкологија, а првата серија е доставена до медицинските установи, пренесува РИА Новости.
Лекот е развиен во Димитровград и е базиран на радионуклидот радиум-223, кој првенствено се користи за контрола на коскените метастази.
Се вели дека неговото зрачење влијае на метастазите со намалување на болката кај пациентите, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Најмалку 28 загинати откако кран се урна врз воз во Тајланд
Најмалку 28 лица загинаа, а 64 се повредени откако градежен кран се урна врз воз во движење во североисточен Тајланд. Во возот имало околу 195 патници во моментот на несреќата, која се случила околу 9 часот наутро по локално време во среда, јавува Би-би-си.
Кранот го исфрлил возот од шините и здробил неколку вагони, од кои еден се запалил. Спасувачите успеале да ги евакуираат патниците, а повредените биле однесени во регионалните болници. Меѓу 64-те повредени има едногодишно дете и 85-годишен маж, а осум се во сериозна состојба.
Владата нареди истрага за инцидентот, најновиот во низата смртоносни несреќи што се припишуваат на безбедносни пропусти. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул повика „некој да биде казнет и да биде повикан на одговорност“ за несреќата.
„Несреќи како оваа можат да се случат само поради небрежност, прескокнати чекори, отстапувања во дизајнот или употреба на неисправни материјали“, рече Анутин.
Свет
Поранешен израелски командант: Режимот во Иран ќе падне, наскоро ќе видиме голем американски напад
Пензионираниот бригаден генерал на израелската армија и претседател на Израелскиот форум за одбрана и безбедност (ISDF), Амир Авиви, процени дека режимот во Иран ќе падне и дека САД наскоро ќе интервенираат, пишува денес израелскиот весник „Џерусалем пост“.
„Денес можам да кажам нешто што не можевме да го кажеме пред еден месец: овој режим паѓа. Нема да има ирански режим и ова целосно ќе ја промени иднината на Израел“, рече Авиви на конференцијата доцна синоќа.
Авиви додаде дека очекува голем американски напад врз Иран.
„И навистина, мислам дека во многу блиска иднина ќе видиме масовен американски напад, со помош на Израел и демонстрантите. Мислам дека овој режим нема шанси и ќе падне“, рече претседателот на ISDF, невладина организација која собира десетици илјади резервни офицери и оперативци од сите гранки на израелските безбедносни сили.

