Македонија
?????? ?????? ???????? ???? ????? ?? ???

Грција побара Меѓународниот суд на правдата во Хаг да се прогласи за ненадлежен по тужбата на Македонија против неа, а доколку пак одлучува по неа, да ја прогласи за неоснована.
Ова е финалното барање искажано од застапникот Јоргос Савидес, со што заврши усната расправа од судскиот процес.Савидес остана на тврдењето дека тужбата не е одвоена од спорот со името и поради тоа судот не треба по неа да одлучува. Посочи дека немало приговор од грчка страна на македонското членство во НАТО.„Грција покажа, доколку се чита правилно, дека дејствијата што и се препишуваат од страна на подносителот (Македонија) не претставуваат приговор. Ова не затоа што Грција требало да го поддржи членството на подносителот во НАТО во 2008-ма година, туку поради причини коишто се добро наведени, земајќи ги предвид критериумите на НАТО за членство, подносителот не беше поканет да се зачлени во НАТО и затоа што процедурата во НАТО е заснована на консензус“, рече Савидес.Претходно, застапниците на Грција тврдеа дека Македонија со Времената спогодба и со резолуцијата 817 на Советот за безбедност на Обединетите Нации се обврзала да не го користи уставното име.„Грција се обврзала себе си да го ословува подносителот само според привремената референца. Треба да веруваме дека оваа обврска се однесува и на подносителот (Македонија). Подносителот се обврза и истото го потпиша да не користи друго име. Во спротивно, втората страна од став 1 од членот 11 е неважна“, рече професорот Алан Пелет.Грчката страна остана на тврдењето дека со ова Македонија ја поткопува привремената спогодба.„Она што се случува од 1995-та, или она што спроведува подносителот (Македонија) од 1995-та година се прекршувања, инсистирајќи на употребата на уставното име во меѓународните организации, прекршувајќи ја обврската која ја има при приемот во тие организации, спроведувајќи една стратегија која што е точно објаснета од претседателот на подносителот во своето обраќање пред парламентот. Со тоа се покажува целосен недостаток на волја за суштински преговори и тоа значи спроведување на една имплицинтна стратегија со која се поткопуваат преговорите“, рече професорот Џорџ Аби-Сааб.Со денешниот настап на грчкиот правен тим, финишираше усната расправа по тужбата на Македонија против Грција пред МСП во Хаг. По ова, судот се повлекува се до донесувањето на конечната одлука. Се очекува таа да биде соопштена најдоцна наесен. Целта на тужбеното барање е судот да утврди дека Грција на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година го прекршила членот 11 од привремената спогодба од 1995 година, односно дека приговорила на членството на земјата во Алијансата под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Од судот, исто така, се бара на Грција да и наложи понатаму да не ја прекршува спогодбата. Тужбата се образложува и со фактот што во заклучокот од самитот посветен на земјата, се вели дека Македонија ги исполнила критериумите за членство во НАТО, но и дека не е постигната согласност поради тоа што една-земја членка се повикала на спорот со името. Тужбата беше поднесена во ноември 2008-ма година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Хеликоптер го гасне пожарот кај Блаце

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е веќе вклучен во акцијата за гаснење на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце.
Пожарот избил на потегот пред тунелот, од десната страна на коловозот. Зафатил тежок и непристапен терен, па по дојава на бројот за итни случаи 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побарал воздухопловна поддршка. Хеликоптерската единица бргу се активирала, а акцијата на терен се координира заедно со припадници на противпожарните служби и други надлежни институции.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои ќе влезат во градоначалничката трка на претстојните локални избори.
Нивните имиња ги соопшти премиерот, Христијан Мицкоски, по состанокот.
За Гази Баба повторно е кандидиран актуелниот градоначалник, Бобан Стефковски.
За Карпош – Сотир Лукровски, кој доаѓа од приватниот сектор, а Мицкоски за него кажа дека има успешна професионална кариера и менаџерски способности.
Кандидат за Лозово е актуелниот Бошко Цветковски, за Пехчево – актуелниот Александар Китански, за Ресен – актуелниот Јован Тозиевски и за Зрновци – актуелниот Борчо Коцев.
„Во изминатите четири години покажавме дека градоначалниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ можат да раководат чесно, без скандали, без афери и со многу работа“, изјави Мицкоски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и премиер додаде и дека на овие избори, партијата настапува со понуда за чесни, некомпромитирани и вредни кадри, затоа што токму тоа ѝ недостигало на државата и на општините со децении. Истовремено, најави Мицкоски, ќе излезат пред граѓаните со јасна визија и програма за развој на секоја општина.
Македонија
Костовски: Голема нервоза во белата палата, клеветите не поминуваат

Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес-конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача:
„Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране – човекот кој е директно против сиромашни работници и повисоки плати – да врти стари лаги и да ме клевети. Ама не кажа дека за истиве клевети веќе има и судска одлука – Бране изгуби во прв степен и треба да ми плати 2.500 евра отштета, пари кои веднаш ќе ги донирам. Клеветите не поминуваат, вистината во Куманово излезе на виделина.
Најголемиот криминалец е токму нивниот измеќар – Максим Димитриевски. Тој што сега им се клања, за да го спасат од одговорност. Нека продолжат вака, народот на Куманово гледа и добро знае. Следи голема казна на локалните избори. Народот не паѓа на коалициски математики.
А на Бране не може јас да му бидам крив што не е кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, никој во партија не го сака ниту за измеќар. Седи си во Парламент и троши си ги парите, народот веќе ништо не очекува од такви како тебе.“ – напиша Костовски.