Скопје
Отворена станица за технички преглед на моторни возила во Илинден

Станица за технички преглед на сите видови моторни возила на свечен начин беше предадена во употреба во средата во Општина Илинден.
Во присуство на амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец и извршниот директор на САВА Осигурување Петар Скварча, новата Станица за технички преглед во употреба ја предаде градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.
Со пуштањето во употреба на Станицата за технички преглед, благодарејќи на компаниите САВА осигурување и САТРА, како што рече градоначалникот Стојановски, се воведува нова услужна дејност во Општина Илинден, со што се подобрува квалитетот на живеење на граѓаните, и се овозможуваат подобри услови за развој на бизнис заедницата.
Новата станица за технички преглед на моторни возила е инвестиција на словенечката компанија Сава осигурување, со која ќе стопанисува фирмата „Сава спејшн“.
На површина од 300 метри квадратни, вкупната инвестиција од околу 200.000 евра ќе овозможи отворање на десеттина нови работни места.
Жителите на Општина Илинден во иднина не ќе мораат да патуваат по десетина километри до најблиската станица за технички преглед, зашто сега во општината ќе добиваат комплетна услуга околу техничкиот преглед и регистрацијата на своите возила./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)