Свет
Пеtминa убиени во напад на политички собир во Кенија

Пет лица загинале а 75 се ранети во недела навечер во две експлозии на протестен политички собир организиран во центарот на главниот град Најроби, пренесе Reuters
Протестот го организирале протестанските евангелистички цркви во паркот Ухуру, во строгиот центар на Најроби а биле организирани против предлогот за новиот устав на Кенија за што во август треба да се гласа на референдум.„Во недела навечер додека учесниците на собирот се молеле пред да се разотидат, среде масата одекнале две експлозии“, потврдил началникот на полицијата во Најроби, Ентони Кибучи. Тој додал дека причината за експлозијата се’ уште не е познат, но се претпоставува дека станува збор за „експлозивна направа“ фрлена во масата. Три лица од кои два мажи и една жена загинале, изјавил кенијскиот премиер Раила Oдинга кој ги посетил повредените во државната болнива „Кенијата“.Ова е прв ваков инцидент во Кенија по политичко-етничките судири од крајот на 2007 г. кои избувнаа по контроверзниот реизбор на претседателот Мваи Кибаки, во кои загинаа 1.500 луѓе а 300 илјади беа избркани од нивните домови. Во рамките на зацртаните реформи, на 4-ти август треба да се одржи референдум за нацртот на новиот устав. Поддржувачите и противниците на уставните реформи од мај почнаа да одржуваат политички собири на кои се обидуваат да придобијат што повеќе приврзаници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин