Македонија
Беџети: Враќање во пописната само ако се анулираат одлуките донесени без наше учество
По бојкотот на албанските и турските членови во Државната пописна комисија, нејзиниот потпретседател вели дека ќе се вратат во ДПК само доколку бидат анулирани сите одлуки кои биле донесени без нивно присуство
„Ние нема да учествуваме ниту во ниедна наредна седница, ниту во процесот додека не се анулираат сите дејствија кои се донесени без наше учество, а мислам дека се уште има простор за тоа и рационални луѓе кои не одат со глава во глава“ изјави потпретседателот Абдулменаф Беџети.Според него, со ова на меѓународната заедница и се дава до знаење и се потврдуваат она што го констатирале тие, дека нашите институции немаат капацитет.„Таа доверба кон институциите не се создава преку ноќ, веќе две декади не создадовме амбиент за доверба во институциите, а таа не се создава кога претседателката на државниот завод за статистика најавува санкции, доколку не учествуваме во процесот“ вели Беџети.Една третина од составот на Државната пописна комисија вчера ја напушти нејзината работа.Шестмината преставници на албанската, но и двајцата од турската заедница, не се согласуваат во мешаните етнички заедници, во секој тандем за евидентирање на населението обврзително да има Македонец, а во зависност од националниот состав, вториот попишувач да биде од мнозинското население во мешаните средини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

