Македонија
Доделени награди за филантропија
По вторпат оваа година, во Македонија доделени се награди за филнтропија, на личности и институции кои дале свој придоенс во пттикнување на добротворството
Годинешни добитници на оваа нова награда во Македонија се Борис Трајанов-награда за индивидуален филантроп, Кнегиња Рихтер Соколовска-награда за индивидуален филантроп од дијаспоарата, потоа-Награди за корпоративна филантропија-Охридска банка-награда за филантропија за голема национална компанија, Скупи 2003 ДООЕЛ-награда за филантропија за мало и средно претприајтие, а наградите за развој на филнатропски практики ги добија СОЖМ-Национален совет на жените на Република Македонија и Награда за Македонска Радио Телевизија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Утрово според податоците од УХРМ најстудено беше на Попова Шапка со измерени -6 степени, потоа во Маврови Анови -4, -1 Скопје Петровец, Куманово, Лазарополе, 0 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Тетово, Крушево, Крива Паланка, Прилеп, Виница, 1 Штип, Велес, Берово, 2 Струмица, Демир Капија, Кавадарци, 3 Битола, Охрид, 4 Гевгелија, 5 Претор.
Висината на снежна покривка во 07 часот изнесувала 54 сантиметри на Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 14 Крушево, 5 Лазарополе, 2 Тетово.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Облачно со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на повисоките и на планините со врнежи од снег, пообилни во западните делови. На планините снежната покривка се зголеми, а помала снежна покривка има и во некои пониски места. Дуваше умерен, долж Повардарието засилен северен ветер (наместа над 55 км/час).
Времето денеска
Во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Скопје
До вторник ЈСП Скопје ќе вози по неделен возен ред
Од денеска до вторник возилата ја ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот, информира Јавното сообраќајно претпријатие.
– На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред.
– На ден 7.01.2025 год. (вторник) Божик, ќе се работи по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар;
– Зелен пазар.
Жичницата на 4.01.2025 год. (сабота) и 7.01.2025 год. (вторник) Божик ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Македонија
Променливо облачно време со повремен дожд, минимална температура до 1 степен
Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од недела ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Локални врнежи од дожд се очекуваат помеѓу вторник и среда.