Компании
Развојот на Скопје ги поттикна младите менаџери да инвестираат во градот

Сите новитети во центарот, но и низ целиот град (бројните културни манифестации, збиднувања, како и паркови, патеки за трчање/пешачење, жичарницата на Водно, новите споменици итн.), полека но сигурно привлекуваат туристи од секаде низ светот.
Ова е доволна причина младите скопски претприемачи да направат чекор напред и да вложуваат во развој на туризмот во Скопје, но и низ Македонија.
Македонската престолнина Скопје отсекогаш важела како центар на Балканот, место каде се испреплетувале различни народи и култури, место каде што се негувале многу различни традиции и обичаи и место кое на светот му понуди многу културни и историски сведоштва.
Во последниот период, со експанзивниот развој на градот, во Скопје сé повеќе се доловува космополитизмот на најпознатите светски метрополи и современиот и модерен дух со кој Скопје живее денес.
„Во туризмот сум подолг период и покрај фактот дека успешно работиме на тоа нашите луѓе да патуваат низ светот, моја желба е да привлечам туристи тука во Македонија. Поради тоа и се решив на градот да му поклонам хостел на кејот на Вардар кој навистина изгледа светски, а е со неверојатна ниска цена на престој“, вели Александар Чоневски сопственик на туристичката агенција Игуана.
Вакви хостели постојат секаде низ светот и се задолжителни за сите градови кои имаат тенденција да бидат на листата на градови кои секој турист би требало да ги посети, а Скопје има многу што да понуди./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Прима“ слави јубилеј – 30 години постоење

Колкав број фирми можат да се пофалат со 30-годишен јубилеј, кој дополнително е обележан со постојан раст и развој? Кога на тој податок ќе го додадеме и оној дека станува збор за регионален „играч“ кој постојано го зголемува бројот на земји низ кои се шири, тогаш е јасно дека станува збор за сериозна фирма. Се разбира зборуваме за Прима која е водач во производството на мебел во Хрватска и со проширена мрежа на свои продажни салони во Македонија.
Во нејзиното 30-годишно постоење, Прима од мала производствена единица, со добра визија, идеја, волја и работа, прерасна во име кое во себе ги има инкорпорирано квалитетот, современиот начин на живеење, дизајнот и потребите на потрошувачите. А сето тоа значи квалитетно изработен мебел во сега веќе неколкуте фабрики лоцирани во Хрватска користејќи само внимателно одбрани материјали. Но Прима не би била тоа што е, доколку мебелот не е и внимателно издизајниран од дизајнери кои секогаш будно ги следат новите трендови во светот на дизајн на ентериер и кој во своите визии ги внесуваат најдобрите решенија.
Но во својот развој, Прима е пионер во проширувањето на дејноста во салоните каде што последниве години нуди неколку нови услуги кои им излегуваат пресрет на
потрошувачите и нивните потреби, како: дизајн на ентериер, дизајн на кујни по мерка, 3Д-планирање кои нивните дизајнери и архитекти ги решаваат заедно со клиентите нудејќи на тој начин индивидуален пристап и најсоодветни решенија.
Прима секогаш имала желба да им се приближи најмногу на своите потрошувачи со тоа што го најдува соодветниот простор за своите салони во сите поголеми градови, а во скоро време и својот web-shop кој овозможува преглед и нарачки од својот дом.
Тука се и услугите: мерење, 3Д-планирање, превоз и монтажа на нарачаниот мебел и најважното: удобноста и уживањето во кое секој оној што ги користи мебелот на Прима може со 100 % сигурност да го потврди.
Овој 30-годишен јубилеј постоење, Прима ќе го прослави нудејќи топ попусти на 30 артикли од својот богат асортиман.
Погледнете повеќе на следниот линк : https://www.prima-mebel.mk/30-artikli-po-top-ceni или посетете ги салоните на Прима.
(ПР)
Економија
Кроација осигурување носи сигурност поблиску до вас: две нови филијали во Скопје

Компанијата Кроација осигурување со гордост најавува отворање на две нови филијали во главниот град. Новите локации се наоѓаат во двете најдинамични и растечки населби во Скопје – Карпош и Аеродром. Филијалата во Населба Карпош се наоѓа на Булеварот Партизански одреди бр. 109, додека филијалата во Населба Аеродром е лоцирана на Ул. Коста Новаковиќ бр. 17/1 лок. 6.
Отворањето на новите филијали е дел од стратегијата на компанијата за проширување на присуството и за обезбедување лесен пристап до услугите за осигурување за сите граѓани. Во новите канцеларии, клиентите ќе можат да добијат комплетни информации и консултации за широк спектар на производи за осигурување, вклучувајќи осигурување на дом, возилo, осигурување од незгода, одговорност, здравствено осигурување и патничко осигурување.
Со ова проширување на продажната мрежа, Кроација осигурување продолжува да обезбедува сигурност и безбедност за клиентите. Новиот тим во филијалите е подготвен да им понуди најдобри можности за осигурување на сите постоечки и идни клиенти, а се со цел соодветна осигурителна заштита.
Кроација осигурување продолжува да се развива и да ги задоволува потребите на своите клиенти, обезбедувајќи сигурност и доверба во секој момент. Што и да се случи, едно е сигурно – Кроација осигурување е тука за вас!
(ПР)
Економија
Пратките ќе можете да си ги подигнувате сами од пакетомати – презентирана нова платформа

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што, како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.
Се работи за воведување паметни автоматозирани пакетомати кои ќе бидат поставени на 120 локации низ државата, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот што би пристигнал на вашиот мобилен телефон.
Решението во земјата го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детаљна анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постојниот систем за достава.
„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.
Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.