Македонија
„Зборник – Историја бр.3“ по цели девет години
Новото издание на музејската публикација „Зборник – Историја бр.3“ кое е предвидено да излегува еднаш во годината, беше промовирано денеска во Музејот на Македонија.
Новото издание на музејската публикација „Зборник – Историја бр.3“ кое е предвидено да излегува еднаш во годината, беше промовирано денеска во Музејот на Македонија. Претседателот на проектот, Драган Георгиев, како и членовите на редакцијата беа среќни што конечно овој Зборник излегува по трет пат во Македонија, и изјавија дека се задоволни од финалниот продукт. „Со оглед на тоа колку беше скромна поддршката од институциите и Министерството за култура за излегувањето на овој Зборник, и со фактот дека авторите ги работеа своите прилози и текстови без надоместоци ние сме задоволни со финалниот продукт,“ рече Георгиев од Музејот на Македонија и изрази надежи дека во иднина институциите ќе имаат поголемо разбирање, ова дело кое се бави со историјата да излегува ако не секоја година, барем почесто. Зборникот содржи дваесет и една статија од разни автори од земјата, како на пример: Марица Јовановска која пишува за „Неколку документи за депортација на битолските Евреи“, потоа м-р Мирјана Нинчовска за „Подготовките за Илинденското востание во Кајљарско, осведочени од едно знаме“, д-р Милан Бошкоски за „Репресивните мерки во Македонската средновековна историја“, д-р Илми Велиу за „Скендербег во делата на османлиските и византиските историчари и хроничари“, потоа Рубинчо Белчески за „Народниот Херој Мирче Ацев до херојската смрт и по неа“, Павлина Василева за „Старата Велешка Архитектура“ и многу други. Дел од ова дело, кое своето последно издание го имаше во 2001-та, се и многу слики и фотографии од автентични документи, кои иако со блед и слаб принт, ја претставуваат и раскажуваат македонската историја во повеќе нејзини развојни периоди. „Ако историјата е забележан и објаснет тек на човештвото и неговиот развој, тогаш текстовите во овој Зборник навистина го потврдуваат тоа,“ рече професорот по музеологија, Крсте Богоевски. Историскиот Зборник бр.3, кој Министерството за култура го поддржа со 80.000 денари, излезе во тираж од 300 примероци. Промоција на новото издание на Зборникот беше во рамките на одбележување на Денот на музеите-18 Мај./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

