Свет
Брод на „Флотилата на слободата“ повторно плови кон Газа
Брод од составот на „Флотилата на слободата“ кои пренесуваат хуманитарна помош за блокираната од Израл палестинска енклава Газа во сабота испловија од Грција пренесе Reuters
Засега не се знае каде се наоѓа точно бродот, ниту се откриваат детали на каде точно е упатен. На него има 12 лчена на екипажот и овеќе десетици хуманитарни активисти. Според агенцијата, капетанот на бродот е истиот на чиј брод „Мар Марамара“ загинаа девет лица а повеќемина беа тешко ранети по интервенција на командоси од израелската воена морнарица на 31 мај. Постојат две опции за крајната дестинација на обој брод. Едната е повторно да се обиде да ја мине ослабената блокада и да тргне директно кон брегот во секторот на Газа или, пак да пристане во египетското пристанише Ел Ариш. Според портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, бродот се упатил кон Ел Ариш. „Брод замина од пристаништето во насока на појасот Газа. Но, ако биде спречен да доплови до брегот, ќе се пренасочи кон пристаништето во Ел Ариш во Египет“, изјавил за агенцијата претставник на компанијата сопственик на бродот ACA Shipping. Претходно, на 6 јули, претставник на палестинските исламсти Исмаил РАдуан изјави дека владејачкото во Појасот Газа, палестинско движење Хамас инсистира на целосното повлекување на израелската блокада врз енклавата, и не е согласно со нејзиното попуштање кое на 5-ти јули го објавија израелските власти. Тел Авив имено најави дека ќе ја прошири листата на стоки кои ќе може да се внесуваат во Газа, а исто така вети дека “нема да биде потребна специјална согласност“ за да се внесуваат стоки кои беа досега вклучени на листата. Ревизијата на санкциите дојде по меѓународниот притисок што следеше по инцидентот со шест странски бродови кои пловеа кон Газа со товар од хуманитарна помош а беа спречени од израелската морнарица.Тогаш покрај деветте жртви, десетици беа повредени а стотици беа затворени меѓу кои и тројца македонски државјани. На израелски власти објаснуваат дека укинувањето на ограничувањата за увоз на цивилни стоки во појасот Газа, е потребата да се рехабилитира режимот на блокадата во рамките на контролата за внесување воени материјали. Паралелно со проширувањето на производите кои се дозволени за увоз во Газа, израелската страна вети дека неколкупати ќе се зголеми обемот на прекуграничен проток на стоки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

