Македонија
Ромите бараат извинување од премиерот Груевски
Соодветни политички методи со кои што нема да се превземат легални мерки против граѓаните, кои беа дел од инцидентот и сопствениците на конфискуваната стока, побараа Ромските граѓани кој денеска протестираа пред Владата и ЕУ Инфоцентарот.
Соодветни политички методи со кои што нема да се превземат легални мерки против граѓаните, кои беа дел од инцидентот и сопствениците на конфискуваната стока, побараа Ромските граѓани кој денеска протестираа пред Владата и ЕУ Инфоцентарот.
Покрај тоа тие побараа премиерот Никола Груевски, да им се извини на граѓаните на Шуто Оризари, за несоодветните превземени мерки.
Ениса Еминовска од организациониот одбор на протестот истакна дека позади овој протест не застана ниту една политичка партија, туку студентите и граѓаните на Шуто Оризари.
„Ние сме револтирани не само од сите тие потези, најмногу од несоодветните мерки на Владата. Ние не поканивме никого од тие политички претставници да дојдат на овој протест, меѓутоа кажавме доколку дојдат да се приклучат како граѓани а не како политичари, затоа што овој протест не е нивен“ рече Еминовска.
Според неа Шуто Оризари како единствена ромска општина и создаде имиџ на Македонија како демократска земја посебно во контекст на Ромите.
„После ваквите случувања нашиот револт и бунт се состои во многу конкретни барања. Владата треба да почне да работи на сите оние 73 отсто невработени, 63 отсто сиромашни и 40 отсто неписмена младина“ додаде Еминовска.
Освен протестите, Ромските граѓани ќе испратат писма до претставниците на Владата и Европската Унија во Македонија во кои се наведени нивните барања./крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

