Македонија
Македонија трезор на пишаниот збор
Македонија е земја – трезор на пишаниот збор уште од античко време и почва на која книгата ја имала најголемата моќ на помирување меѓу народите и бри
Македонија е земја – трезор на пишаниот збор уште од античко време и почва на која книгата ја имала најголемата моќ на помирување меѓу народите и бришење на културните разлики.
Ова го укажа македонската министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска во пораката по повод Светскиот ден на книгата и на авторското право – 23 април.
Навраќајки се на ракописите на сесловенските просветители Кирил и Методиј, и делата на нивните ученици Климент и Наум, министерката Канческа – Милевска истакна дека „значајниот пат на македонската книжевност иницирал Македонија отсекогаш да биде земја во која книгата и пишаниот збор имаат исклучително значење”.
„Денеска, кога се пишува пораката за Светскиот ден на книгата и на авторското право, истовремено се пишува и пораката за бесконечните и вечните духовни хоризонти на Македонија кои се зачувани во трезорите на вкупното културно наследство, и на книжевното како дел од него”, се наведува во македонската порака по повод Меѓународниот ден на книгата./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

