Спорт
Фердинанд нема да игра против Порто

Сер Алекс Фергусон не очекува Рио Фердинанд да биде подготвен за дуелот на Манчестер Јунајтед со Порто од четврт-финалето на Лигата на Шампионите во Фердинанд нема да игра против Порто во Вторник.
Рио Фердинанд го пропушти драмтичниот дуел на Јунајтед против Астон Вила кој заврши со победа од 3-2 за Црвените Ѓаволи, откако заработи повреда на интернационална должност.Централниот дефанзивец и претоа се мачеше со проблеми со грбот и најверојатно нема да се опорави на време за дуелот со Порто.“Не верувам дека некој од повредените фудбалери ќе се врати за дуелот со Порто “Но ќе се вратат играчите кои беа суспендирани и тоа е добро.”- изјави Фергусон manutd.comФергусон ќе може да смета на Немања Видиќ, Вејн Руни и Пол Сколс за Европскиот дуел откако триото беше суспендирано за дуелот со Вила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Две лица загинаа на рели

Двајца гледачи загинаа, а еден беше тешко повреден во несреќа што се случи за време на релито во Пуи-де-Дом во Франција.
Француската полиција објави дека за време на релито во близина на Амберт во централна Франција, еден од автомобилите излетал од патеката и удрил во гледачите.
Две лица загинале на лице место, а еден гледач бил тешко повреден и префрлен со хеликоптер во локална болница.
„Несреќата се случила околу 10:30 часот наутро во Ле Крос. Автомобилот излетал од патот. Две лица загинале, едно е префрлено со хеликоптер во болница. Другото лице, возачот на автомобилот, претрпел полесни повреди и е префрлен во болницата Амберт. Седум други лица претрпеле шок, но не се повредени“, објавија организаторите.
Фото/ Принскрин
Спорт
(Видео) Рашфорд одигра 33 минути на дебито за Барселона

Фудбалерите на Барселона го победија Висел Кобе со 3:1 во пријателски натпревар во Јапонија, а Маркус Рашфорд дебтираше за шпанскиот тим.
Рашфорд се приклучи на Барселона како позајмен играч од Манчестер јунајтед минатата недела. Англичанецот влезе во игра на почетокот на второто полувреме.
Интересно е што тој одигра само 33 минути, сè до 78-та минута кога беше заменет од Дро Фернандес, кој го постигна третиот гол во 87-та минута.
Барселона поведе во 33-та минута кога Ерик Гарсија постигна гол, а Таисеи Мијаширо израмни десет минути подоцна.
Водството на Барселона го врати Руни Барги во 77-та минута, пред Фернандес да го постави конечниот резултат.
Натпреварот требаше да се игра на почетокот на неделата, но беше одложен бидејќи Барселона го обвини промотерот за сериозно прекршување на договорот.
Фото/ Принскрин
Спорт
Пјастри го победи Норис во Белгија

Оскар Пјастри е победник на трката за Големата награда на Белгија. До осмата победа во кариерата, Австралиецот дојде пред тимскиот колега, Кандон Норис, кој започна од пол-позицијата и возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Траката во Белгија доцнеше 76 минути поради силниот дожд, започна зад возилото за безбедност, а кога по два круга возачите добија дозвола да се тркаат, во првиот круг Пјастри го нападна Норис ја презеде лидерската позиција и победи.
До крајот на трката немаше возбудувања, Леклер успеа да се одбрани од Макс Ферстапен, кој немаше проблем со Џорџ Расел. Шестото место му припадна на Алекс Албон од Вилијамс.
Луис Хамилтон успеа од 18.место и старт од пит-стопот да дојде до седмата позиција.
Бодови во Белгија освоија Лијам Лосон (Рејсрнг Булс), Габриел Бортолето (Кик Заубер) и
Пјер Гасли (Алпин).
Пјастри по оваа трка ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Норис на 16 поени.
Наредната недела на програмата е Големата награда на Унгарија.
Фото/ Принскрин