Македонија
Најграѓански медиум за 2009 година – Канал 5
Годишната медиумска награда на граѓанско општество за 2009 година ја доби телевизија Канал 5.
Годишната медиумска награда на граѓанско општество за 2009 година ја доби телевизија Канал 5.
За медиум кој дал најголем придонес за промовирање на граѓанското општество на национално ниво е избрана телевизија Алфа, а од локалните кумановската Нова ТВ.
Од печатените медиуми, Утрински весник дал најголем придонес во зајакнување на граѓанското општество, а од електронските Алсат М. Од новите медиуми беше избран Охрид Њуз. Емисија која придонела во зајакнување на граѓанското општество е утринската емисија „Рано ден“ на А1 телевизија.
Доделувањето на Годишната медиумска награда на граѓанското општество во организација на Македонскиот институт за медиуми се одржува по четврти пат.
Со оваа награда им се оддава признание на медиумите кои, според повеќе од 100 граѓански здруженија од Македонија, го дале најголемиот придонес за зајакнувањето и промовирањето на граѓанското општество во Македонија.
Добитниците на наградата и признанијата се добиени преку процес на гласање, кој се одвиваше во периодот од 15 октомври до 15 декември 2009 година, а во кој можност за изразување на своето мислење добија сите легално регистрирани здруженија на граѓани и фондации во Македонија. Во овој период гласале вкупно 100 организации.
Американскиот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер изјави дека слободата им е потребна на медиумите и новинарите, дека нивната професија е достоинствена и треба да се почитува. /крај/форум/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

