Свет
Либија доби нова преодна влада
Либискиот премиер Абдел Рахил ал-Кеиб го објави во вторникот доцна навечер составот на неговиот кабинет, во кој со две министерства раководат поранешни бунтовници кои учествуваа во соборувањето на режимот на поранешниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи.
Либискиот премиер Абдел Рахил ал-Кеиб го објави во вторникот доцна навечер составот на неговиот кабинет, во кој со две министерства раководат поранешни бунтовници кои учествуваа во соборувањето на режимот на поранешниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи.Осама ал-Џували, поранешен востанички командант на градот Зинтан е именуван за министер за одбрана, додека министерството за внатрешни работи му е доверено на Фаузи Абделал, поранешен командант на бунтовниците од градот Мисрата.Премиерот Абдел Рахим ал-Кеиб на прес-конференција изјави дека може да потврди дека цела Либија е застапена во неговата влада.Покрај премиер и двајца вицепремиера, новиот владин кабинет на Либија има 24 министерства а некои од нив првпат се формирани. Министерството за надворшени работи ќе го води Ашур бин Хајал, поранешен амбасадор на либискиот режим во Канада, кој се поврза со опозицијата во егзил. Абдел ден Џаза, поранешен функционер на италијанската нафтена компанија ENI го доби еден од најважните ресори – министерството за нафта и гас. Адвокатот Фатхи Тербел, член на либискиот Национален преоден совет (NTC) чиешто затворање беше еден од клучните мигови за почетокот на народниот бунт во градот Бенгази кој потоа се прошири низ целата земја, е именуван за министер за млади и спорт. Преодниот совет го укина министерството за информирање и ќе го замени со комитет којшто ќе биде составен подоцна. Во новата влада на Либија има 25 мажи и само две жени, министерката за социјални работи, Фавзија Сијала и министерката за здравство Фатима ал-Хамруш./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данска: ЕУ треба да ги разгледа сите опции поради царинските закани на Трамп
Европската унија треба да ги разгледа сите достапни опции како одговор на обновената закана за царини од американскиот претседател Доналд Трамп кон европските сојузници, изјави данската министерка за економија Стефани Лосе.
Лосе разговараше со новинарите пред состанокот на министрите за финансии и економија на ЕУ, пренесува Ројтерс.
Таа ја нагласи потребата блокот да ги разгледа реакциите на потенцијалните американски мерки што би можеле да влијаат на трговските односи со членките на Унијата, пренесува Танјуг.
Свет
„Престанете да го смирувате тиранинот од Вашингтон“: Kаламар порача Европа да се спротивстави на Трамп
Европа мора да престане да се обидува да го „смири“ американскиот претседател Доналд Трамп и наместо тоа да му се спротивстави нему, како и на другите „тирани“ кои се решени да го уништат редот заснован на правила воспоставен по Втората светска војна, изјави денес генералната секретарка на Амнести Интернешнл, Агнес Каламар.
„Ни треба многу посилен отпор“, рече Каламар во интервју за АФП на маргините на Светскиот економски форум во Давос, предупредувајќи дека „кредибилитетот на Европа е во прашање“.
Каламар ги повика европските влади да покажат поголема „храброст“ и да знаат како да „кажат не“.
„Тие мора да престанат да веруваат дека можат да преговараат со тирани, мора да престанат да мислат дека можат да ги прифатат правилата на предаторите без да станат нивни жртви. Ова мора да престане“, рече Каламар, пренесува Хина.
Каламар оцени дека европските лидери минатата година воделе политика на смирување.
„Се обидовме да го смириме тиранинот, предаторот кој живее во Вашингтон и тоа нè доведе кон сè повеќе напади и сè повеќе закани“, рече таа.
Таа потсети дека европскиот проект не е само економски, туку се темели и на вредности и владеење на правото, и изрази надеж дека европските лидери ќе ги искористат сегашните предизвици како можност за повторно потврдување на европскиот проект.
„Ова бара напуштање на политиката на смирување“, заклучи таа, и рече дека „едноставно не функционира“, повикувајќи ја Европа да „се спротивстави“.
Свет
Политико: Трамп го избегнува Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп избегнува контакти со Володимир Зеленски на маргините на форумот во Давос, пишува Политико, повикувајќи се на извори.
„Според експертите за надворешна политика од Републиканската партија, Зеленски многу сака лична средба, додека неподготвеноста да се одржи доаѓа од Белата куќа“, се наведува во статијата.
Шефот на режимот во Киев, верува дека придобивките од комуникацијата со Трамп ги надминуваат можните ризици. Ако тој не комуницира со американскиот лидер, други ќе се справат со тоа, се нагласува во текстот.
По последната средба со американскиот претседател на крајот на декември, Зеленски тврдеше дека страните се согласиле за безбедносни гаранции за Украина.
Во исто време, Трамп пред неколку дена изјави дека Русија е подготвена да склучи мировен договор, додека шефот на режимот во Киев го одложува процесот.
На почетокот на декември, Владимир Путин ја прими американската делегација во Кремљ. Страните ја разгледаа суштината на иницијативата предложена од САД, но не успеаја да најдат компромисно решение. Како што изјави претседателот, Вашингтон ги подели 27-те точки од оригиналниот план во четири пакети и предложи тие да се разгледаат одделно.
Неколку дена подоцна, во Берлин се одржа состанок на претставници на САД и Украина, чија содржина беше пренесена на Русија преку шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.
На крајот на декември, Трамп одржа преговори со Зеленски во Флорида. Шефот на Белата куќа објави дека страните постигнале разбирање за 95 проценти од прашањата. После тоа, тој разговараше по телефон со Путин, кој го информираше за обидот на вооружените сили на Украина да ја нападнат неговата резиденција. После тоа, во Москва беше објавено дека преговарачката позиција е ревидирана, анализира медиумот.

