Спорт
Вулфси останаа непоразени на „Емирати“
Екипата на Вулверхемптон ја продолжи серијата на изненадувања во 18-то коло, во Премиер лигата, а Арсенал пропушти шанса на табелата да го мине Челзи.
Екипата на Вулверхемптон ја продолжи серијата на изненадувања во 18-то коло, во Премиер лигата, а Арсенал пропушти шанса на табелата да го мине Челзи.„Тобџиите“ на домашен терен попладнево одиграа 1:1 против Вулфси, со што останаа на петтото место на табелата со 33 бода, еден помалку од Челзи, кој се наоѓа место погоре во поредокот. Дека Вулвси ќе направат изненадување не навестуваше почетокот на мечот, на „Емирејтс“, Жервињо, на асистенција на Бенајун, уште во осмата минута му донесе предност на Арсенал. Израмнувањето стигна во 36-та минута кога Шчесни беше совладан од шкотскиот репрезентативец, Стивен Флечер. Гостинската екипа натпреварот го заврши со играч помалку, откако поради црвен картон, во 75-та минута беше исклучен Милијаш.Вулверхемптон со овој бод стигнаа до бројката 16, што ги сместува на 16-то место на табелата. Арсенал во следното 19-то коло, кое ќе се одигра на 31. декември ќе го пречека КПР, додека Вулфси ќе гостуваат во Болтон. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Танго Аргентино на „Метрополитано“ – Атлетикого декласира Хетафе
Атлетико Мадрид е првиот полуфиналист на шпанскиот Кралски куп по убедливата победа над Хетафе. Натпреварот на стадионот „Метрополитано“ во шпанската престолнина заврши со резултат 5:0 (3:0).
Прашањето околу конечниот победник „јорганџиите“ го решија во првото полувреме кога дојдоа до недостижни три гола предност.
Блескаше синот на тренерот Диего Симеоне, 22-годишниот Џулијано.
Најмладиот син Чоло ги постигна првите два гола во воведните 17 минути и најави убедлив триумф. Прво во осмата минута по комбинација со Хави Галан, а потоа во 17. по најубавата акција на натпреварот во која учествуваа тројца Аргентинци: Хулијан Алварез, Родриго Де Пол и стрелецот Џулијано Симеоне.
Третиот гол го постигна Бразилецот Самуел Лино во 42. минута.
Џулијано Симеоне можеше да постигне хет-трик, но неговиот гол беше поништен поради офсајд на почетокот на вториот дел.
Во останатиот дел од натпреварот, фудбалерите на Атлетико рутински си ја завршија работата, фокусирани на следниот натпревар, бидејќи викендов на „Бернабеу“ му гостуваат на градскиот ривал Реал.
Четвртиот гол го постигна уште еден Аргентинец, Анхел Кореа, од 20 метри со силен и прецизен удар во 78. минута, а конечниот резултат осум минути подоцна го постави Норвежанецот Александар Серлот на асистенција на Кореа.
Тоа беше првиот четвртфинален натпревар од Купот на кралот. Леганес и Реал Мадрид играат во среда, а за четврток се закажани два натпревари: Реал Сосиедад – Осасуна и Валенсија – Барселона.
Спорт
(Видео) Болоња ја изненади Аталанта во Бергамо и се пласира во полуфиналето
Фудбалерите на Болоња се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија со победата од 1:0 (0:0) над Аталанта во Бергамо.
Иако се работи за две екипи кои учествуваа во Лигата на шампионите, овој исход е изненадување, со оглед на формата, па дури и квалитетот што го покажаа оваа сезона.
Болоња ги издржа сите напади на „божицата“ и во 80. минута ја шокираше и ја елиминира од натпреварувањето.
Тогаш голот со кој Болоња се пласираше во полуфиналето го постигна Сантијаго Кастро, Аргентинецот погоди по центаршутот на Ликојанис од слободен удар.
Болоња во полуфиналето ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Јувентус и Емполи.
Другата полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од дуелите Милан – Рома и Лацио – Интер.
Спорт
Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април
Лука Дончиќ и официјално е претставен како нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во неделата, се случи трејдот кој го шокира кошаркарскиот свет, Добнчиќ се пресели во Лејкерси и Ентони Дејвис во Далас.
Лос Анџелес Лејкерс го претставија како нов играч и веднаш беше прашан дали знаел за трејдот и како ќе ги коментира приказните дека не сакал да прифати договор од Далас во 2026 година.
„Тоа е нивна одлука и немам коментар за тоа. Не знам што направија. Апсолутно ниту една приказна дека нема да го прифатам договорот не е вистинита“, изјави Дончиќ.
Дали има што да докажува?
„Да. Ја сакам титулата. Не доаѓате овде за ништо друго. Имам се да покажам и докажам и ја сакам титулата”, рекол Лука.
Пред неколку години во подкаст рече дека би сакал да си игра со Леброн, а сега ќе игра со него, а тренер ќе му биде Џеј Џеј Редик, авторот на тој подкаст.
„Остварен сон. Отсекогаш му се восхитував на Леброн и има многу што можам да научам од него… Мислам дека двајцата ќе ги подобриме нашите соиграчи, ќе им помогнеме на сите затоа што сме исклучително интелигентни кошаркари. Возбуден сум што ќе работиме заедно и ќе се подобруваме секој ден“.
Мислеше дека цела кариера ќе ја игра во Далас, но …
„Искрено, на почетокот беше тешко, се чувствував како да помина еден месец иако поминаа само два. Беше многу емотивно и тешко, а денес е многу подобро и среќен сум што сум тука. Ова се Лејкерс. Еден од најдобрите тимови во историјата на кошарката“, рече Словенецот и дополни.
„Сите беа изненадени, а можете да замислите колку јас бев изненаден. Кога се разбудив не можев да верувам и мислев дека е 1. април. Ова се тешки моменти за мене, но имам можност да играм за најголемиот клуб во светот и мислам дека ова е одлична можност за мене“.
Леброн го сака Дончиќ, што е исто така важно, а што му кажа?
„Веднаш ми се јави. Беше во Њујорк и не разговаравме многу бидејќи ми рекоа дека знае како се чувствувам и ми беше убаво што веднаш ми се јави и ми посака добредојде во Лос Анџелес“, вели Дончиќ.