Свет
Почина контроверзниот борец за правото на еутаназија
Контроверзниот борец за правото на еутаназија Џек Кеворкијан, нарелен „Доктор смрт“, кој беше во затвор осум години откако му помогна на едно момче да изврши еутаназија, почина денеска во Чикаго, на 83 годишна возраст.
Контроверзниот борец за правото на еутаназија Џек Кеворкијан, нарелен „Доктор смрт“, кој беше во затвор осум години откако му помогна на едно момче да изврши еутаназија, почина денеска во Чикаго, на 83 годишна возраст. „Џек Кеворкијан почина. Беше мирен, не почувствува ништо“, изјави неименуван портпарол на болницата кај Чикаго, при тоа додавајќи дека Кеворкијан починал од емболија на белите дробови. Кеворкијан во деведесетите години на 20.век го сврте вниманието на јавноста во САД заради етичките проблеми на еутаназијата на пациенти со тешки болести. Тој јавно даваше совети како да се изврши еутаназија и прикажуваше видео снимки на луѓе кои од него барале помош. Кеворкијан, патолог по струка, еднаш рекол дека дал совети на најмалку 130 луѓе како да извршат еутаназија. Се снимал како му дава смртоносна доза на лекови на Томас Џук и таа снимка ја испратил во американска телевизија, поради што беше уапсен и затворен поради убиство. Кеворкијан набавил за десетици луѓе кои сакале еутаназија лекови или гасови. Во неколку наврати рекол дека луѓето кои сакаат еутаназија треба достоинствено да умрат. Но, неговата пракса и популарност предизвика полемики и кај другите активисти за правата на еутаназијата, кои сметаат дека неговиот начин не е добар во јавноста да се прифаќа тој чин на умирање. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Кина: напад со нож во болница, има загинати и повредени
Во напад на болница во југозападна Кина, повеќе од десет лица се убиени или ранети, јавуваат државните медиуми, кои не ја прецизираат природата на нападот.
„Инцидентот се случил во локалната болница во 13:20 часот по локално време“, соопшти државната новинска агенција „Ксинхуа“.
Нападот се случил во округот Женгксионг во североисточниот дел на југозападната провинција Јунан и истрагата е во тек.
Масовните насилни злосторства се ретки во Кина, која строго им забранува на граѓаните да поседуваат огнено оружје.
Свет
Сафади: Со бомбардирањето на Рафах, Нетанјаху го загрозува примирјето
Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека го загрозил постигнувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас со бомбардирањето на градот Рафах на југот на Појасот Газа. „Направени се огромни напори за да се постигне договор со кој ќе се ослободат заложниците и ќе се постигне прекин на огнот. Хамас го претстави предлогот.
„Ако Нетанјаху навистина сакаше договор, сериозно ќе преговараше за тоа. Наместо тоа, тој се заканува на договорот со бомбардирање на Рафах“, рече Сафади на социјалната мрежа Икс, а пренесе Ројтерс. Вчера Хамас објави дека го прифатил предлогот за прекин на огнот во Газа предложен од Египет и Катар.
Таа палестинска милитантна група во соопштение наведе дека нејзиниот шеф, Исмаил Ханије ги известил премиерот на Катар, Мухамед Бин Абдулрахман Бин Џасим Ал Тани и шефот на египетската разузнавачка служба Абас Камел дека го прифаќа нивниот предлог.
Набргу по објавувањето на Хамас, „Тајмс оф Израел“ објави изјави од неименувани израелски претставници, кои рекоа дека најавата на Хамас не се зема предвид, бидејќи предлогот со кој се согласи Хамас не ги вклучува условите со кои се согласи Израел.
Израелскиот воен кабинет синоќа едногласно одлучи да ја спроведе планираната операција во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, со цел „да се изврши воен притисок врз Хамас“, соопштија од кабинетот на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и покрај тоа што Хамас претходно објави дека се согласува со египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот, пренесува Танјуг.
Свет
Амбасадорите на ЕУ и САД во Москва нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
Амбасадорите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави во Москва нема да присуствуваат на церемонијата на инаугурација на рускиот претседател Владимир Путин.
Портпаролот на ЕУ Петер Стано рече дека оваа одлука е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки на блокот.
„Нашиот амбасадор нема да присуствува, повеќето земји-членки нема да присуствуваат“, рече Стано, а пренесе Ројтерс.
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека американскиот амбасадор во Москва нема да присуствува на инаугурацијата на рускиот претседател.
Ројтерс вчера објави дека францускиот амбасадор во Русија ќе присуствува на инаугурацијата, за разлика од Германија која нема да испрати свој претставник.
Неименуван извор за агенцијата изјавил дека Париз претходно го осудил „контекстот на репресијата во кој се одржаа изборите, лишувајќи ги гласачите од вистински избор“, како и организирањето избори на украинските територии „окупирани“ од Русија, за кои Франција смета дека има прекршување на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации.
Германија најави дека нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на Путин.
Балтичките земји, кои веќе немаат дипломатски претставници во Москва, исто така категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин.
Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин, со што и официјално ќе започне неговиот петти шестгодишен мандат.
Путин на претседателските избори во март освои 87,28 отсто од гласовите.