Свет
Авион на US Airways евакуиран на аердромот во Филаделфија
Авион на американската компанија US Airways беше евакуиран на аеродромот во Филаделфија поради наводна дојава за бомба, јавуваат медиумите во САД
Авионот кој полетал од аеродромот Ла Гвардија во Њујорк требало да слета во државата Кентаки, но пилотот поради, како што стои во соопштението “безбедносни причини”, решил да слета во Филаделфија.Најмалку 12 полициски и противпожарни возила се упатиле кон пистата, а набрзо пристигнале и агенти на Бирото за домашна безбедност.Еден од патниците бил приведен и задржан на понатамошно испрашување. Останатиот дел од патниците биле ослободени.Сите слетувања и полетувања од аеродромот не биле попречени од инцидентот, а авио сообраќајот продолжил редовно да се одвива.Последниот ваков инцидент беше пред неполн еден месец, кога во очи на Боќик нигериец се обиде да активира бомба во авионот што леташе кон Детроит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.
Свет
Британска влада: Ендру би можел да го изгуби своето место во редот за наследување на тронот
Британската влада ќе разгледа донесување нов закон за отстранување на Ендру Маунтбатен-Виндзор, помладиот брат на кралот Чарлс, од линијата на наследување на тронот, потврди британски функционер во петокот.
Таквиот потег би дошол дури по завршувањето на тековната полициска истрага за неговите врски со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, објави Ројтерс.
Функционерот, кој побара да не биде именуван, објасни дека секоја промена во линијата на наследување би барала консултации и договор со други земји каде што кралот Чарлс, братот на Ендру, поглавар на државата.

